Background

Темите за средбата Путин-Си-Трамп веќе се договорени

Кремљ ги отфрли споредбите на најавената средба меѓу лидерите на Русија, Кина и САД со конференцијата во Јалта од 1945 година. Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, оцени дека таквите толкувања се само политиколошки шпекулации, додека главните теми за разговорите веќе се договорени.

Средбата на рускиот претседател Владимир Путин, кинескиот претседател Си Џинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп, според најавите, треба да се одржи в четврток во кинескиот град Шенжен.

Најавата предизвика споредби со историската конференција во Јалта, на која во февруари 1945 година лидерите на САД, Советскиот Сојуз и Велика Британија разговараа за повоеното уредување на Европа.

- Advertisement -
Ad image

Песков категорично ги отфрли ваквите паралели.

– Ова се игри на политиколозите и немаат никаква врска со реалноста – изјави тој.

Според портпаролот, Русија и Кина се залагаат за мултиполарен светски поредок, во кој големите сили не треба да ја одредуваат судбината на другите држави.

– Тврдењето дека некој има намера да одлучува за судбината на светот сигурно не важи за Русија, ниту за Кина. Ние не сакаме никој да одлучува за нашата судбина и никогаш нема да се обидеме да одлучуваме за судбината на другите – додаде Песков.

Тој ја опиша најавената средба како настан без преседан во современата меѓународна политика.

Песков потврди дека основната агенда за разговорите е договорена, но не откри кои прашања ќе бидат во нејзиниот фокус.

– Главните теми – да. Да не избрзуваме. Одредени елементи ќе бидат импровизирани за време на самиот разговор – изјави портпаролот, пренесе РИА Новости.

Според него, за време на состанокот може да бидат отворени и дополнителни прашања што не биле однапред предвидени.

Дел од разговорите, како што најави Песков, ќе биде отворен за медиумите.

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, исто така ја нагласи важноста на најавениот состанок.

Таа изјави дека станува збор за прва средба во живо меѓу претседателите на Кина, Русија и САД.

Според Мао, зајакнувањето на комуникацијата, управувањето со меѓусебните разлики и стабилизирањето на односите се во интерес на сите три држави.

Кинеската дипломатија не откри дополнителни детали за темите што би се нашле на преговарачката маса.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖