Background

Се грижела за принцовите по разводот на Чарлс и Дијана, а потоа и за малиот Џорџ

На 84-годишна возраст почина Џеси Веб, жената која имаше посебно место во детството на принцовите Вилијам и Хари. Таа со години се грижела за синовите на тогашниот принц Чарлс и принцезата Дијана, а нејзината блискост со кралското семејство продолжила и долго откако ја завршила работата како нивна дадилка.

Веста за нејзината смрт ја објави британскиот кралски коментатор Роберт Џобсон, кој ја опиша како ведра жена со големо срце и многу здрав разум. Според него, момчињата ја обожавале, а таа никогаш не се плашела да го каже своето мислење, дури ни пред членовите на кралското семејство.

Џеси се приклучила на кралското домаќинство кон крајот на 1980-тите, кога Вилијам имал околу седум, а Хари четири години. Ја ангажирале Чарлс и Дијана, а таа брзо станала важен дел од нивното секојдневие. Во периодот кога нивните родители се разделувале и кога семејниот живот бил под постојано внимание на јавноста, Веб им била една од стабилните и доверливи личности во нивното опкружување.

Била гостинка на свадбите на принцовите

- Advertisement -
Ad image

Особено блиска останала со Вилијам. Била гостинка на прославата на неговиот 21. роденден, а потоа и на неговата венчавка со Кетрин во 2011 година. Но, еден од најубавите докази за нивната поврзаност се случил две години подоцна. На 71-годишна возраст, откако веќе била во пензија, Џеси повторно се вратила на работа за да им помогне на Вилијам и Кетрин по раѓањето на нивното прво дете, принцот Џорџ. Им помагала во нивниот дом во Велс, додека семејството се приспособувало на животот со новороденчето.

Ниту Хари не ја заборавил. Ја поканил на својата венчавка со Меган Маркл во 2018 година, а нејзиното присуство на важните семејни настани покажало дека за неа имало место не само во спомените од детството туку и во нивните возрасни животи.

Го држела под контрола и менито на децата

Од Џеси се прости и Дарен Мекгрејди, поранешниот кралски готвач кој со години работел за Дијана и нејзините синови. Тој сподели забавна анегдота од времето кога Вилијам бил дете и побарал пица за вечера.

Готвачот му одговорил дека нема проблем, но Џеси веднаш се вмешала и предложила печено пилешко со многу здрав зеленчук. Мекгрејди низ смеа признал дека нејзиниот авторитет понекогаш го плашел, но и покрај тоа таа му била омилената кралска дадилка.

– Беше строга, но прекрасна жена – е пораката што се провлекува и низ сеќавањата на луѓето кои работеле со неа.

По заминувањето од кралското домаќинство, Веб продолжила да работи како дадилка за децата на виконтот и виконтесата Линли. Сепак, посебната врска со Вилијам и Хари никогаш не исчезнала.

Веста за нејзината смрт пристигна додека двајцата принца се на службени патувања во странство. Вилијам со сопругата Кетрин во Индија, а Хари во Украина. Според Џобсон, Вилијам веќе бил известен за смртта на жената која оставила толку силна трага во неговото детство. Засега не се објавени датумот и местото на погребот.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖