Водата во Струга е забранета за пиење поради зголемена заматеност во градскиот водовод, соопшти денеска јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
Според информацијата, заматеноста на мерните места во градот е од 1,52 НТУ до 1,8 НТУ, а примероците од изворот „Шум“ покажале 0,89 НТУ заматеност. Дозолената граница на заматеност е 1,5 НТУ.
Кратенката НТУ (англиски: NTU – Nephelometric Turbidity Units) значи нефелометриски единици за заматеност. Тоа е стандардна мерна единица со која се мери колку е матна водата. Колку е поголема бројката, толку повеќе ситни честички (како земја, глина или органски материи) има во водата и таа е помалку проѕирна.
Во конкретниот случај, вредностите од 1,52 и 1,8 НТУ се над законски дозволената граница за вода за пиење (1,5 НТУ), поради што е воведена забраната.
Водата, како што соопшти претпријатието, може да се користи само за техничка употреба.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
