Background

ДАЛИ 17 НОЕМВРИ Е ДЕНОТ НА ГЛОБАЛНОТО ЗАТЕМНУВАЊЕ?

На форумите и на сите социјални мрежи деновиве врие од информации за наводен глобален блекаут што, според бројни објави, треба да се случи на 17 ноември. Сценаријата што се споделуваат се различни – од прекин на електричната енергија во повеќе земји, преку целосен или делумен пад на интернетот, до наводни кибернапади врз банките, недостапност на банкарските сметки и прекини во комуникациските системи.

Дел од објавите тврдат дека светот ќе остане без струја неколку дена, други предупредуваат на долготраен прекин на интернетот, а најдраматичните верзии споменуваат и финансиски колапс и потреба граѓаните да се подготват за целосно нарушување на секојдневниот живот. Во некои од нив се тврди и дека настанот ќе биде глобален и дека ќе ги опфати истовремено енергетските, телекомуникациските и финансиските системи.

Од друга страна, проверувачите на факти укажуваат дека голем дел од овие тврдења се засноваат на поврзување неповрзани настани, официјални вежби и фиктивни телевизиски сцени.

Вежба на ФЕМА и „Симпсонс“ – два извора на гласините

- Advertisement -
Ad image

Еден од главните поводи за ширење на шпекулациите е најавената национална тест-вежба на американската Федерална агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА), во координација со Федералната комисија за комуникации (FCC).

 

За 17 ноември 2026 година е закажан тест на американскиот систем за итно предупредување (Emergency Alert System – EAS). Според официјалното известување на FCC, тестот треба да се емитува во 14:20 часот по источноамериканско време, преку телевизиските и радио-станиците, со порака на англиски и на шпански јазик. Станува збор за тестирање на системот за предупредување, а не за исклучување на електричната мрежа или интернетот.

Токму датумот на оваа вежба е искористен во дел од објавите како наводен доказ дека нешто големо ќе се случи. Информацијата за тестот се спојува со други неповрзани настани и се претставува како дел од координиран план за глобален прекин.

Дополнителна „поткрепа“ на гласините се бара и во популарната анимирана серија „Симпсонови“. На социјалните мрежи се споделуваат сцени од епизодата „It’s a Blunderful Life“, емитувана во ноември 2023 година, во која се прикажува фиктивен прекин на струјата во Спрингфилд.

 

Фото: Принтскрин

 

Во една од сцените се појавува датумот 17 ноември, што корисниците го поврзуваат со наводниот блекаут во 2026 година. Но, епизодата не предвидува глобален прекин на струјата на 17 ноември 2026 година, ниту содржи потврда за светски кибернапад. Станува збор за фиктивна приказна, чија сцена е извадена од контекст и се споделува како „предвидување“.

Авиосообраќајот во САД и падот на Мајкрософт додадоа масло на огинот

Гласините добија дополнителен замав по сериозните технички проблеми во американскиот авиосообраќај. На 13 ноември Федералната администрација за воздухопловство (FAA) воведе национален прекин на полетувањата поради нестабилност во комуникациските системи за контрола на воздушниот сообраќај.

Според официјалното објаснување на FAA, проблемот бил поврзан со нестабилност на застарена мрежна опрема, откако во системот се појавил голем прилив на обиди за поврзување. Прекинот беше воведен од безбедносни причини и траеше околу пет часа, по што авиосообраќајот постепено се нормализираше.

Американската агенција соопшти дека нема индиции дека инцидентот е предизвикан од кибернапад или од злонамерен надворешен фактор. Во официјалното соопштение од 15 ноември FAA нагласи дека сите авиони безбедно слетаа и дека системот е стабилизиран.

Исто така, глобалниот технички прекин на услугите на Мајкрософт, кој ги наруши работењето на Microsoft 365, Outlook, Teams и други услуги, стана уште еден повод за ширење на теориите дека ќе се слули глобален координиран напад. Проблемите на Мајкрософт зафатија корисници во повеќе од 70 земји и територии, а беа почувствувани во институции, компании, здравствени установи и во други организации.

Мајкрософт соопшти дека услугите се целосно обновени по повеќечасовниот прекин. Според компанијата, проблемот бил поврзан со мрежна промена и капацитетите на инфраструктурата, а не со кибернапад.

Иако овие инциденти се реални и покажуваат колку современите системи зависат од дигиталната инфраструктура, нема потврдена врска меѓу нив и датумот 17 ноември. Нивното временско совпаднување, сепак, се користи на интернет како аргумент за ширење на апокалиптичните сценарија.

Апели за залихи од најмалку 72 часа

Во дел од објавите, граѓаните се повикуваат да обезбедат залихи од храна, вода, лекови, батерии, радио-приемници и готовина, со образложение дека во случај на блекаут може да бидат недостапни продавниците, банкоматите и комуникациските услуги.

Препораката за подготовка за најмалку 72 часа, односно 3 дена, се појавува и во официјални кампањи за цивилна заштита во десетици земји, а за различни можни вонредни ситуации – природни катастрофи, прекини на снабдувањето, екстремни временски услови или други кризни настани.

Во Велика Британија, на пример, се промовираат официјални владини препораки за домашна подготвеност во случај на нарушување на основните услуги. Во САД, пак, се објавуваат предупредувања за подготвеност за различни ризици, вклучително и кибернапади и прекини на критичната инфраструктура.

Овие општи препораки послужија како дополнително засилување на тврдењата дека „сигурно нешто големо ќе се случи“.

Посебно внимание привлекува сценариото за  глобален прекин на интернетот во траење од 3 месеци, по кој мрежата повторно би била воспоставена со помош на вештачка суперинтелигенција. Според оваа теорија, евентуалниот колапс на постојната дигитална инфраструктура би бил проследен со интервенција на напредни ВИ-системи, кои би ги обновиле комуникациските мрежи и би воспоставила нов начин на функционирање на интернетот.

Во некои верзии на сценариото, ова се претставува како дел од поголема трансформација на дигиталниот свет, во која вештачката интелигенција би презела централна улога во управувањето со инфраструктурата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖