Background

Истрагата за смртта на Периш ја зафати и лекарската екипа

Хрватската полиција уапси уште четири лица во истрагата за смртта на 32-годишниот Кристијан Јосип Периш, кој почина на 21 октомври во психијатриската болница „Свети Иван“ во загрепската населба Јанкомир.

Ова е втор бран апсења во случајот. На 6 ноември полицијата уапси четворица медицински техничари од истата болница, осомничени дека го удирале Периш во стомакот и му притискале перница врз главата. Ним на 8 ноември им беше одреден едномесечен истражен притвор.

Меѓу новоосомничените се докторка на возраст од 33 години, медицински техничар на 27 години и две медицински сестри на возраст од 23 и 27 години. Сите се наоѓале во болничката соба 11А во моментот кога бил малтретиран Периш, а нивното присуство е забележано и на снимките од надзорните камери.

- Advertisement -
Ad image

Според полициското соопштение, четворицата се осомничени за тешко убиство, во врска со законската одредба за непостапување, односно непреземање мерки за спречување смрт и покрај постоењето законска обврска за тоа.

Според неофицијални информации на „Индекс“, обвинителството одлучило да ја прошири постапката на лицата кои биле во собата за време на насилството врз Периш и непосредно пред неговата смрт.

Насилството врз Периш е забележано на осумминутна снимка од болничките камери, која протече во јавноста. На неа се гледа како четворицата медицински техничари го удираат пациентот во пределот на стомакот и му притискаат перница врз главата.

По апсењето, четворицата техничари се бранеа со молчење, а истражен судија им одреди 30 дена притвор. Беа испратени во затворот Реметинец, но тројца подоцна беа преместени во други затвори поради наводна загрозеност на нивната безбедност.

Првично, обвинителството поднесе постапка само против четворицата техничари, иако во собата имало и други медицински лица и болнички обезбедувач. Сега истрагата се проширува и на дел од присутните медицински работници.

Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ денеска изјави дека не може да предвиди дали ќе има нови проширувања на истрагата, но нагласи дека се истражуваат сите околности.

– Не би ме изненадило ако истрагата се прошири – изјави Божиновиќ.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖