Отворено обраќање од редакцијата на „Охридскај“ до државниот јавен обвинител Ненад Савески
Почитуван господине Савески,
Ви се обраќаме како редакција која секојдневно ги следи настаните во Охрид и ги слуша прашањата на нашите сограѓани. Од Вас, како државен јавен обвинител, граѓаните на Македонија не бараат многу. Бараат само еден сегмент: да се постапува според буквата на законот, а не според тоа чиј е и кому му припаѓа сторителот.
Случајот со младата жена што била грабната, тепана во кола и исфрлена во несвест длабоко ги потресе Охриѓани. Според информациите што излегоа во јавноста, за сторителот не е побаран притвор, туку само мерки на претпазливост. Одговорите на прашањата околу правната квалификација, дека би било шпекулирање да се зборува пред завршувањето на истражните дејствија, ги слушнавме. Но јавноста има право да знае зошто се одлучило токму така.
Во вакви сензитивни случаи од обвинителството очекуваме да излезе со соопштенија или прес-конференции навреме, а не по настанот. Изјавите дадени после бурната реакција на јавноста оставаат впечаток дека обвинителството се обидува да ја релативизира вината на охридското обвинителство.
Охриѓани немаат заборавено две убиства чии сторители станаа екстериторијални. Според нас причина е непостапувањето на обвинителството. Сведоци сме и на безброј сторители на тешки кривични дела што се бранеа од слобода, како и на предмети што стојат во охридското обвинителство без движење, а во голем дел од нив оштетена е државата, за милиони евра.
Затоа Ви ги поставуваме следните прашања и барања:
Правдата нема адреса, презиме и политичка припадност. Ако законот важи за обичниот граѓанин, мора да важи и за секој друг.
Очекуваме јавен одговор.
Со почит,
Редакцијата на „Охридскај“
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
