Background

Бура на реакции за претепаната девојка од Охрид: Зајкова бара обвинение за обид за убиство, универзитетски асистент поручува „институциите да не заташкуваат“, граѓаните бараат правда

Охрид – Случајот со претепаната 23-годишна охриѓанка предизвика лавина реакции на социјалните мрежи. Политичарки, новинарки, универзитетски асистенти и обични граѓани јавно бараат итна постапка, најстроги законски санкции и одговор на прашањето дали Јавното обвинителство ќе постапи еднакво кон сите, без оглед на функциите на родителите на осомничениот.

Реакциите доаѓаат откако Основното јавно обвинителство Охрид, според информациите до кои дојдовме, за осомничениот Кристијан Корабоски побарало единствено одземање на патната исправа и јавување кај овластено лице два пати неделно (прочитајте го првиот текст на ОhridSky). Недостигот од детални официјални информации отвори простор за бројни шпекулации, а јавноста бара транспарентност.

Сите ставови подолу се јавни објави на нивните автори и не ги изразуваат ставовите на редакцијата.

Моника Зајкова: „Да не ви падне на памет да ги штитите!“

- Advertisement -
Ad image

Претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, јавно се огласи на социјалните мрежи:

„Да не ви паднало на памет да ги штитите!!! Итно да се постапи и да одговара за обид за убиство, а сите што му давале инструкции во неговата паника (согласно сведочењата неговиот татко и мислам беше тетка) да одговараат за помагање… Не ме интересира што функции имаат неговите, ниту од која партија се! Девојката можеше да заврши како следна жртва на фемицид!“

Зајкова притоа се повикува на сведоченијата кои кружат во јавноста. Тие наводи, како и сите други за улогата на трети лица, за сега се единствено исказ на оштетената и на нејзината мајка и не се потврдени од надлежните институции.

Универзитетски асистент: „До кога врските со партиските „јаки“ ќе ни бидат репер?”

Остра реакција објави и Климент Арнаудов, асистент на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид. Во својата објава тој пишува дека „неказнивоста“ и убедувањето дека „татко му или мајка му е на висока функција“ раѓаат „идиоти и монструми“. Поставува и прашања што звучат како заеднички глас на многу граѓани:

„До кога бе врските со партиските „јаки“ фаци ќе се реп­ер по чиј основ ќе се силиме и по луѓе ќе газиме? […] До кога судството ќе потпаѓа под влијанија на бедни луѓе кои пробуваат нечие зло да заташкаат, наместо преку казните злосторникот да се принуди да се поправи во подобар човек, што е и целта на казните?”

Тој поручува дека очекува од институциите да му изречат „највисока можна казна за обид за убиство“ и ги споредува очекувањата со случајот „Кочани“ и со другите жртви на насилство. Редакцијата не го поддржува ниту едно решение надвор од законот. Токму затоа правдата мора да се одвива пред надлежните институции. Асистентот ја завршува објавата со порака до младите: „Момичиња, пазите со време што бирате за партнер. Има знаци еден куп кои може да ви бидат репер… Мажиња, исто така.“

(Во објавата има и изрази кои редакцијата не ги пренесува, како и реченица која можеше да се протолкува како оправдување на самоправда. Ставот на ОhridSky е дека правдата мора да се спроведува исклучиво преку институциите.)

Новинарки, инфлуенсерки и граѓани

Реагираа и други јавни личности:

  • Ина МногуФина се огласи револтирано, а според нејзиниот навод, девојката претходно му кажала дека не се чувствува безбедно кога тој пие. Таа пишува дека осомничениот ја претепал до губење свест и дека „се возел наоколу, но не до болница“. Тоа е нејзин навод, кој ОhridSky не може да го потврди. Нејзиниот повик гласи: „Да го следиме случајот, да не се протне насилникот без казна.“
  • Новинарката Вики Чадиковска на Фејсбук напиша: „Насилството не смее да стане нормалност, а молчењето и рамнодушноста не смеат да бидат наш одговор.“
  • Мајка од Охрид јавно напиша дека денес е туѓо дете, утре може да биде нашето.
  • Школски другар на девојката, кој вели дека делел клупа со неа, изрази револт и порачува дека за жал живееме во општество „каде веќе нема свест и контрола“.

Што сега?

Реакциите покажуваат една заедничка порака: граѓаните очекуваат институциите да постапат брзо, транспарентно и еднакво кон сите. СВР Охрид, според информациите до кои дојдовме, постапил професионално и итно. Сега топката е кај обвинителството и судот.

Редакцијата им испрати прашања на Основното јавно обвинителство Охрид (раководител Стојанче Арнаудов) и на Републичкото јавно обвинителство, меѓу другото за мерките, за анализите на телефоните, за токсиколошките резултати и за правната квалификација. Одговорите ќе ги објавиме во целост.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖