Северна Македонија има и Министерство за спорт. Да, добро прочитавте. Постои, има кабинет, има возила, има протокол. Само што спортот, особено пливањето, повеќе личи на дисциплина што се практикува на сува земја, со многу говор и со малку вода.
Имаме Охрид, Преспа, Дојран, Матка и безброј акумулации. Сепак, пливачките дисциплини се во изумирање. Тоа е како да сте Саудиска Арабија и да увезувате нафта. Вистински подвиг на системот: Со толку вода наоколу, да не успее да се направи ни базен што ќе работи цела година.
Во светски рамки тешко може да се најде блокирана федерација како нашата Пливачка федерација на Северна Македонија. Другите федерации се борат за медали, а нашата за кворум. Единствена дисциплина во која сме неоспорни фаворити е пливање против струја на сопствената бирократија.
Според кулоарските приказни, „Маменко“, кој во одредени кругови се потпишувал и како советник за спорт на премиерот Мицкоски, некогаш ги критикувал времињата на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски и, како што се шепоти, фрлал и по некој камен кон новото раководство. Времето минува, каменчињата се враќаат во шумата, а на масата стигнува нов работен ангажман во Министерството за спорт.
Образложението, пак според кулоарот, е трогателно: „Бил греота, немал за живот.“ Тука сатирата застанува и почнува аритметиката. Ако националната пензија навистина надминува 60.000 денари, во држава каде илјадници пензионери се борат со многу помалку, прашањето е очигледно. Каде е границата на „немање за живот“ и кој ја утврдува? Дали ќе воведеме „минимална егзистенција за кадар“ како посебна буџетска ставка?
Така се дефинира спортска политика во нашиот случај: кога не можеш да најдеш млад тренер за базен, најди искусен кадар,манипулатор за кабинет. Спортистите чекаат инфраструктура, а министерството носи нова столица. Столиците, за разлика од пливачите, никогаш не фалат.
——————————————————————————————————————————————————————————–
Нашата држава има многу езера, а недостасуваат пливачи, и тоа не е случајно. Додека спортот чека реформи, министерството за спорт се грижи да не остане ни еден заслужен кадар „без живот“. Ако ова е „процут“ што го најавуваат, да ни кажат во која дисциплина се натпреваруваме. Од тоа како се плива, за сега гледаме само дека се плива по течението.
Сашо Денеосвски
Tagged as:
долго го демонстрираат проблемот со пливањето во Македонија инистерството за спорт на Северна Македонија и Пливачката федерација на Северна Македонија која е блокирана федерација Маменко и национална пензија: сатира за македонскиот спорт и пливањето во Македонија. Министерство за спорт ново обележје на кадровската политика е кулоарската приказна за „Маменко“ Пливачка федерација советник за спорт на премиерот Мицкоски
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
