Програмери, специјалисти за компјутерска безбедност, администратори на компјутерски системи и мрежи, сметководители, финансиски аналитичари, градежни инженери, електричари, индустриски механичари, се дел од кадрите што се бараат во Луксмбург.
Платите зависат од занимањето, работното искуство, образованието, јазичните вештини и условите што ги нуди работодавачот. Ланскиот просек на плата во оваа земја изнесува 7.133 евра бруто. Просечна годишна заработка лани изнесуваше 85.600 евра и е највисока во Европската унија.
Оваа мала европска земја има развиен финансиски сектор, голем број меѓународни компании и силна економија, поради што има потреба од вработени од различни професионални профили.
Покрај веќе најавените професии постојат одлични можности и за експерти кои се занимаваат со развој на компјутерски програми, одржување на информациски системи и заштита на податоци. Во градежниот сектор се бараат инженери, техничари и квалификувани работници од различни профили.
Има побарувачка и за медицински сестри, негуватели, социјални работници, едукатори и специјалисти кои работат со лица на кои им е потребна дополнителна поддршка.
Луксембург, исто така, објави список на занимања во дефицит за 2026 година, кој вклучува 20 професии. За вработување на странски експерти во овие професии, постојат одредби за олеснување во постапката за вработување, што може да биде значајно за кандидатите од земји кои не се членки на Европската Унија.
Граѓаните на Македонија можат да работат во Луксембург, но мора да добијат соодветна дозвола за престој и работа.
Вообичаената постапка е прво да најдат работодавач кој е подготвен да го вработи кандидатот. Потоа работодавачот пријавува слободно работно место во надлежната служба за вработување ADEM, а за занимања кои не се дефицитарни, се применува и проверка на достапноста на кандидати на пазарот на трудот.
По исполнувањето на пропишаните услови, кандидатот поднесува барање за дозвола за престој пред да пристигне во земјата.
Голема предност на Луксембург е што англискиот јазик често се користи во меѓународните компании. Сепак, познавањето на францускиот или германскиот јазик може значително да ги зголеми шансите за вработување, особено во администрацијата, трговијата, здравството и услужните индустрии.
Но и како во повеќето европски земји и во Луксембург проблем за работниците од Македонија се високите трошоци за домување. Киријата е особено скапа во главниот град и неговата околина. Затоа дел од вработените живеат во соседна Франција, Белгија или Германија и секојдневно патуваат на работа во Луксембург.
Според студијата објавена од Министерството за домување на Луксембург во јуни 2026 година, месечната кирија за повеќе од половина од анализираните станови се движи помеѓу 1.000 и 1.750 евра, додека за некои, киријата надминува 2.000 евра. Овие бројки се однесуваат на постоечки договори за закуп, па цените за новите станари може да се разликуваат.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
