Поранешниот извршен директор на Енвидија, Џенсен Хуанг, се соочува со нов скандал откако медиумите објавија дека имал трета љубовна афера со жена која била вработена во компанијата.
Ова откритие доаѓа непосредно по неговата оставка од челната позиција на компанијата на 12 ноември 2026 година.
Агенцијата Ројтерс објави дека Хуанг имал интимна врска со уште една вработена во Енвидија, повикувајќи се на два анонимни извори запознаени со случајот. Името и позицијата на оваа вработена сè уште не се јавно објавени, а медиумите не успеале да стапат во контакт со неа.
Од компанијата одбиле да ги коментираат новите тврдења, а самиот Хуанг не одговорил на барањата за коментар. Тој досега јавно го призна само првото неверство. Неговата сопруга Лори, сѐ уште не се изјаснила во врска со скандалот кој го потресе целото семејство, имајќи предвид дека таа е на чело на нивната фондација, а двете деца им се вработени на менаџерски позиции во Енвидиа.
По обелоденувањето на скандалот акциите на Енвидиа паднаа за 5,5% во четвртокот при активно тргување. Акцијата изгуби повеќе од 30% од својата вредност од нејзиниот врв на почетокот на октомври.
Одлуката на поранешниот извршен директор на Енвидија да се повлече од компанијата би можела да ја наруши индустријата за вештачка интелигенција што тој помогна да се обликува. Енвидија ја искористи својата финансиска моќ за да помогне во создавањето индустрија околу вештачката интелигенција преку сложени финансиски аранжмани кои го олеснуваат купувањето на чиповите на компанијата. За таа цел, таа поддржа компании за облак-компјутерство и лаборатории за вештачка интелигенција.
Притисокот врз 63-годишниот Џенсен Хуанг, кој е оженет, да поднесе оставка се зголеми по извештаите за неговата афера со Алис Хуанг.
Скандалот што доведе до повлекувањето на Хуанг по 33 години на чело на компанијата се разви во текот на една недела преку откривање на неговите љубовни афери.
Во неделата на 8 ноември, Џенсен Хуанг јавно ѝ се извини на својата сопруга Лори за неверство. Медиумите открија дека станува збор за Алис Хуанг, директорка во сингапурска компанија, за која американските разузнавачки служби се сомневаат дека собирала информации за Кина што Пекинг го негира. Во меѓувреме медиумите потсетија дека на Алис Хуанг во Сингапур ѝ бил забранет влез.
На 11 ноември, весникот The New York Times објави дека Хуанг бил во љубовна врска и со Кимберли Пауел, потпретседателка на Енвидија задолжена за здравствениот сектор, која директно му одговарала нему. Веднаш по ова откритие, управниот одбор го принуди Хуанг да поднесе оставка, а за привремена директорка ја назначи финансиската директорка Колет Крес.
Министерството за внатрешни работи на Сингапур на 12 ноември 2026 година потврди дека оваа мерка е изречена уште во февруари 2026 година по полициска истрага за компанијата Мегаспид. Според Channel NewsAsia, сингапурската полиција утврдила дека Хуанг свесно давала неточни информации за време на сослушувањата за да ја минимизира својата улога во компанијата Мегаспид. Поради тоа ѝ било издадено строго предупредување и ѝ бил забранет повторен влез во земјата.
Властите во Сингапур ѝ го одзеле пасошот во јуни 2025 година за да го обезбедат нејзиното присуство во истрагата за можни лажни декларации при набавка на сервери. По заклучувањето дека нема доволно докази за кривично гонење по тие основи, пасошот ѝ бил вратен на 26 февруари 2026 година и таа истиот ден го напуштила Сингапур.
Сингапурското министерство нагласи дека Хуанг, која е жител на Хонгконг, не била истражувана за шпионажа во Сингапур, туку за можни прекршувања на домашните закони поврзани со трговијата со сервери. Покрај Сингапур, и властите во Тајван исто така ѝ ја одзедоа дозволата за влез на своја територија.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
