По повод 8. Декември – „Св.Климент Охридски“ – Патрон на градот, Општина Охрид распишува:
НАГРАДЕН УЧЕНИЧКИ ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС ЗА НАЈДОБРА ПОЕТСКА ТВОРБА
Темата на конкурсот треба да се однесува на Охрид и животот и дејноста на Свети Климент Охридски
На овој конкурс, Општина Охрид ќе додели три први награди за најдобра поетска творба во три различни категории и тоа:
Прва категорија- за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение);
Втора категорија- за ученици од предметна настава (од шесто до деветто одделение) и
Трета категорија за ученици во средно образование (од прва до четврта година).
Изборот на најдобрите поетски творби ќе го направи тричлена жири – комисија, формирана од градоначалникот на Општина Охрид.
Право на учество на овој конкурс имаат сите редовни ученици од основните и средните училишта на подрачјето на општина Охрид.
Творбите да се достават во три примероци, во затворен плик, под шифра, најдоцна до 30.11.2026 година, на следната адреса: Општина Охрид, ул.„Димитар Влахов“ бр.57 (со назнака: За Конкурсот за најдобра поетска творба со наведена категорија за која се конкурира).
Творбите пристигнати по наведениот датум нема да се разгледуваат.
Авторството се докажува со четвртиот примерок.
Наградите ќе бидат врачени на една од свеченостите организирани по повод 8. Декември – „Свети Климент Охридски“ – Патронот на Охрид.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
