Директорката на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството (АФПЗРР) Даниела Иротова – Лазарева објави шокантни сознанија за повеќе злоупотреби на државните субвенции во Охридско-струшкиот регион.
Таа, како што информира во објава на Фејсбук присуствувала на контролите во овој регион.
Според неа , резултатите од извршените контроли отвораат сериозни прашања за начинот на користење на финансиската поддршка и веродостојноста на пријавените податоци.
-Трактор набавен преку програмата за рурален развој во 2023 година – при денешната екс пост контрола во с. Бичево, Струшко, не е пронајден кај земјоделското стопанство, ниту на пријавените земјоделски површини. Според изјавите на присутните, бил даден на користење на друго лице а во стопанскиот двор нема никакви траги од истиот, а постојат и писмени дојави дека е продаден. Корисникот има договорна обврска најмалку пет години да ја користи инвестицијата за потребите на своето стопанство и да не ја дава на трети лица и да ја отуѓува – вели таа.
Најавува дека земјоделецот ќе мора да ги врати парите.
Во друго два случаи, инспекторите откриле манипулација и при пријавување на пчелни семејства.
-Пријавени 50 пчелни семејства – при контролата на лице место не беше затекнато ниту едно пчелно семејство, а според расположливите податоци корисникот нема ниту регистарски број на одгледувалиште (РБО). Во друг случај, пријавени 600 пчелни семејства – на терен затекнавме само 190 пчелни семејства со пчели и 10 празни сандаци, додека останатите 400 не беа пронајдени – вели Иротова-Лазарева во објавата.
Таа додава дека финансиската поддршка не е само право да се добијат средства од државата.
-Таа подразбира и одговорност, исполнување на условите и почитување на преземените обврски. Контролите продолжуваат – пред исплата, по исплата и во текот на периодот на исполнување на договорните обврски. Нема селективност и нема привилегирани. Нашата обврска е да ги заштитиме чесните земјоделци и да обезбедиме јавните средства да се користат за вистинско земјоделско производство. Пријавеното на хартија мора да постои – заклучува Иротова-Лазарева.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
