Background

ГЕНЕРАЛНИОТ ШТРАЈК ВО ШПАНИЈА ЗАВРШИ СО ХАОС

Генералниот штрајк во Шпанија поради станбената криза и високите трошоци за живот заврши со насилни инциденти во повеќе градови. Најмалку 75 лица се приведени. Регистрирани се над 1.000 инциденти.

Во Барселона маскирани лица палеа контејнери и кршеа излози, додека во Мадрид демонстранти се судрија со полицијата. Ова беше првиот генерален штрајк во земјата по 14 години, во кој, според објавените процени, учествувале околу четири милиони работници.

Според Европа прес, за време на штрајкот биле регистрирани 1.044 инциденти низ Шпанија. Полицијата интервенирала на повеќе локации, а протестите предизвикале сериозни нарушувања во транспортот и јавните услуги.

- Advertisement -
Ad image

На улиците во Мадрид излегле околу 120.000 луѓе, додека во Барселона протестирале повеќе од 50.000. Штрајкот го организирале најголемите шпански синдикати, кои бараат решавање на станбената криза и мерки против високите трошоци за живот.

 

 

Во Барселона дел од демонстрантите се судриле со полицијата во центарот на градот. Маскирани лица палеле контејнери, кршеле излози и фрлале пиротехнички средства кон полицајците, кои одговориле со солзавец.

Дел од судирите се случиле на авенијата „Пасеж де Грасија“, во близина на плоштадот „Каталонија“. Локалните медиуми објавиле дека биле ограбувани продавници, меѓу кои и продавница за играчки „Лего“, додека група демонстранти се обидела да влезе во продавница на „Епл“.

Насилни инциденти биле регистрирани и во Мадрид. Според Ројтерс, полицијата употребила солзавец, бибер-спреј и проектили од пена против дел од демонстрантите во близина на плоштадот „Еспања“.

Градоначалникот на Барселона, Жауме Колбони, соопштил дека во градот биле приведени 50 лица. Тој ги осудил насилните инциденти што избувнале по завршувањето на главниот протест, кој претходно поминал мирно.

Според градските власти, оштетени биле меѓу шест и десет продавници. Општината најавила дека ќе бара надомест на штетата од лицата за кои судот ќе утврди одговорност.

 

 

Во генералниот штрајк учествувале околу четири милиони работници, односно приближно една петтина од работната сила во Шпанија, според процените што ги пренесува Ројтерс.

Еден од главните поводи за протестите е станбената криза. Шпанија се соочува со недостиг од приближно 750.000 станови, додека просечната месечна кирија достигнала 1.176 евра, според податоците што ги пренесува агенцијата.

Синдикатите предупредуваат дека високите кирии и растечките трошоци за живот сè повеќе ги оптоваруваат домаќинствата.

Лидерот на синдикатот УГТ, Пепе Алварез, оценил дека штрајкот бил успешен и дека учеството било „масовно“.

Унаи Сордо, лидер на синдикатот ЦЦОО, исто така го оценил одзивот како „многу значаен“.

Штрајкот предизвикал прекини во производството и сериозни нарушувања во железничкиот, градскиот и другиот јавен транспорт.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖