Background

КАЧИНСКИ ПРЕДУПРЕДИ НА „МОЖНО КРВОПРОЛЕВАЊЕ“ ВО ПОЛСКА

Продлабочениот јаз меѓу либералната влада на Полска и десничарската опозиција достигна нова критична точка откако лидерот на конзервативната опозициска партија Право и правда (ПиС), Јарослав Качински, предупреди на „можно крвопролевање“ доколку владата на премиерот Доналд Туск одбие да ги признае резултатите од следните парламентарни избори во 2027 година, јави ДПА.

Качински изрази надеж дека неговата партија ќе победи на изборите и ќе се врати на власт. Но, тој рече дека не може да ја исклучи можноста за крвопролевање ако владата на Туск одбие да го прифати изборниот пораз.

„Тие се подготвени да пролеат полска крв“

- Advertisement -
Ad image

Тој ја обвини владејачката коалиција дека им служи на „странски интереси“, оценувајќи дека нејзините претставници се подготвени буквално на сè.

– Тие се толку сурови и брутални што можеби се подготвени дури и да пролеат полска крв – рече Качински.

На одбележувањето на Денот на независноста на Полска вчера, премиерот Туск ги осуди ваквите изјави и порача дека политичарите имаат одговорност да спречат насилство меѓу граѓаните.

– Имаме одговорност да обезбедиме полската крв никогаш да не се пролее од внатрешни полски причини – рече Туск.

Како дојде до актуелната конфронтација во Полска?

Корените на денешната поларизација датираат од 2015 година, кога на власт дојде националконзервативната партија Право и правда, предводена од Качински. Во текот на осумгодишното владеење, до 2023 година, ПиС спроведе длабоки промени во правосудството, јавните медиуми и државните институции. Критичарите сметаа дека реформите ја зголемија политичката контрола врз судството и ја загрозија неговата независност. Особено спорни беа именувањата во Уставниот суд, поради што Полска со години беше во судир со Европската Унија и европските судски институции.

По парламентарните избори во 2023 година, власта ја презеде коалицијата предводена од Доналд Туск, со ветување дека ќе ја врати независноста на правосудството и ќе ги поништи спорните реформи на ПиС. Но, промените се покажаа сложени, бидејќи голем дел од институциите веќе беа пополнети според правилата и постапките воведени од претходната власт. Така, обидите на новата влада да ги промени состојбите отворија нови правни и политички спорови.

Претседателот е на страната на опозицијата

Кризата дополнително се продлабочи по претседателските избори во јуни 2025 година, на кои победи Карол Навроцки, кандидат поддржан од ПиС, кој ја презеде функцијата во август. Така, Туск ја има владата и парламентарното мнозинство, но претседателот доаѓа од политичкиот табор на неговите противници. Навроцки може да блокира закони со претседателско вето или да ги испраќа на оценување пред Уставниот суд, што значително ги отежнува обидите на владата да ја спроведе својата програма.

Токму затоа Уставниот суд, стана едно од главните жаришта на политичката пресметка, а неговите 15 судиски места станаа предмет на нов спор. Парламентот во текот на 2026 година избра осум нови судии, но Навроцки одби да ги прими на заклетва петтемина од избраните во поновата фаза од постапката. Владата и парламентарното мнозинство сметаат дека претседателот незаконски го попречува функционирањето на судот, додека неговите политички сојузници ги оспоруваат именувањата.

„Тепачка“ за столчиња на Уставниот суд

Најновата ескалација се случи на 30 октомври, кога судијката Ана Корвин-Пјотровска, повикувајќи се на својот стаж, објави дека на еден месец ги суспендира претседателот на Уставниот суд Богдан Швенчковски и неговиот заменик Бартоше Сохањски од извршувањето на функциите и презеде раководење со работата на судот.

Министерот за правда Валдемар Журек побара одземање на судскиот имунитет на двајцата функционери, додека Навроцки го осуди потегот како насилно преземање на институцијата. Претседателот дури го прекина патувањето во Сенегал за да се врати во Варшава.

На 4 ноември, осум судии предводени од Корвин-Пјотровска одржаа седница и усвоија предлог-буџет за 2027 година, но легитимноста на таа седница е оспорена. Европската комисија порача дека парламентот има право да избира судии во Уставниот суд.

Така, институцијата што треба да ги разрешува споровите за уставноста на законите и сама стана средиште на политичката и правната битка во Полска.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖