Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ влегува во светот на ултралуксузното угостителство преку проект што предвидува изградба на облакодер висок 320 метри во Мајами. Српскиот тенисер ќе соработува со компанијата „Аман груп“ во развојот на новиот бренд „АТМА“, кој ќе ги обедини луксузното сместување, спортот, здравјето и долговечноста, пишува српскиот портал Нова.рс.
Облакодерот ќе се издигнува во елитната населба Брикел, на брегот на заливот Бискејн. Покрај хотелскиот дел, комплексот ќе има луксузни станови, од еднособни апартмани до пентхауси со шест соби.
Посебно место ќе заземаат затворените терени за тенис и падел, со панорамски поглед кон Мајами. Тие ќе можат да се користат во текот на целата година, независно од временските услови.
Предвиден е и спа и медицински велнес-центар со површина од 11.500 квадратни метри. Просторот ќе располага со современа опрема за закрепнување на мускулите, подобрување на подвижноста и регенерација на телото.
Ѓоковиќ ќе учествува во креирањето програми за исхрана, долговечност и спортови со рекети. Неговата соработка со компанијата започнала во 2024 година, кога станал глобален партнер за велнес.
„Во текот на мојата кариера научив дека вистинските резултати се засноваат на рамнотежа. Тренингот, закрепнувањето, исхраната и менталната благосостојба мора да функционираат во хармонија за да се обезбедат долговечност и траен успех“, се наведува во изјавата на Ѓоковиќ што ја пренесува Нова.рс.
Името „АТМА“ потекнува од санскрит и значи „дух“ или „вистинско јас“.
За архитектурата на облакодерот е задолжено студиото „ШОП архитектс“, кое предвидело фасада со впечатливи закривени линии. Ентериерот ќе го уредува „Студио Паоло Ферари“.
Една од необичните карактеристики ќе биде осветлувањето приспособено на биолошкиот часовник на станарите. Светлината ќе се менува во согласност со природниот дневен ритам, со цел да го подобри одморот и квалитетот на спиењето.
Комплексот ќе содржи и ресторани, барови со музика во живо и простори за културни настани. Завршувањето на изградбата е планирано за 2031 година.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
