Background

Владата обезбедува јаглен за трите блока на РЕК Битола, се подготвува и ТЕЦ Неготино

Растот на цените на енергенсите и притисокот врз инфлацијата создаваат ризик од нова енергетска криза, која веќе се чувствува во Европа, а не ја заобиколува ниту Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата презема мерки за да го спречи ценовниот удар врз граѓаните, особено кога станува збор за електричната енергија.

Тој посочи дека барањата на енергетските компании се високи, но Владата се обидува да спречи поскапување на струјата за домаќинствата или евентуалното зголемување да биде под пет проценти.

Енергетската стабилност на земјава ќе биде обезбедена преку ангажирање на полниот капацитет на сите три блока на ТЕЦ Битола, како и на ТЕЦ Осломеј. Се подготвува и рестартирање на ТЕЦ Неготино.

- Advertisement -
Ad image

Се очекува наскоро да почне транспортот на јагленот од Косово кон Битола за што се адаптира посебен граничен премин. Ресурсите ќе се потпираат и на локалниот ископ и на помал увоз на јаглен од Грција.

Високите цени на струјата во Европа во последните денови се должат на таканаречениот „ноемвриски скок“ на цените кој се смета за еден од најсилните краткорочни шокови на пазарот по енергетската криза во 2022 година. Овој феномен нагло ги крена цените на големо од почетокот на месецов, а главните причини за тоа се следните три фактори.

Првиот фактор е феноменот „Dunkelflaute“ (Темно затишје). Станува збор за специфична временска состојба во Европа каде што со денови владее густа облачност и речиси никакво струење на ветерот. Производството на струја од огромните ветерни паркови во Германија, Велика Британија и земјите од Бенелукс буквално колабираше во првата недела од ноември. Просечната големопродажна цена во Германија во рок од само четири дена скокна од 13 евра на дури 345 евра за MWh поради падот на обновливите извори.

Втората причина е поради притисокот врз вечерните пикови кога цената достигна над 600–700 евра за мегават час. Бидејќи нема доволно струја од сонце и ветер, европските мрежни оператори мораа итно да ги вклучат термоцентралите на природен гас за да ја покријат побарувачката. Гасот во Европа во моментов е скап поради претходните геополитички тензии. Кога се палат овие скапи централи, тие ја диктираат крајната маргинална цена на пазарот. Во вечерните часови, кога луѓето се враќаат дома и потрошувачката е највисока, цените во Германија, Франција и Велика Британија надминаа 600 па и 700 евра за MWh во поединечни часови.

Третата причина е студениот бран и дополнителни проблеми во мрежата. Врз ситуацијата влијаеше и падот на температурите под сезонскиот просек, што нагло ја зголеми побарувачката за греење. Ситуацијата дополнително се затегна поради тековните ремонти на нуклеарните централи во Франција и неочекуваните технички проблеми во нуклеарната централа Чернавода во Романија, што остави помалку маневарски простор за стабилно производство.

Како резултат на ова, земјите од Централна и Источна Европа во изминатите денови забележаа просечни дневни рекорди: Полска се искачи до 460 евра/MWh, а Романија, Бугарија и Унгарија се движеа околу 350–411 евра/MWh.

Иако домаќинствата во Македонија се заштитени со регулирани цени, ваквите берзански шокови директно влијаат врз македонските компании кои купуваат струја на слободниот пазар.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖