Background

АЛТА БАНКА НЕМА ДА БАНКРОТИРА КАКО ЕУРОСТАНДАРД

Оваа банка нема да банкротира како што тоа беше, да речеме, случајот со Еуростандард банка којашто банкротира откако неколку дена претходно министер за финансии во владата на СДСМ и ДУИ си го подигна својот штеден влог, што претставува навистина скандалозно нешто, изјави премиерот Христијан Мицкоски во Собранието на надзорната расправа за состојбите во Алта Банка Битола.

Случајот со Еуростандард банка Мицкоски го оцени како брутален начин на банкротирање на една финансиска институција.

– Тоа е брутален начин на банкротирање на една финансиска институција откако претходно нејзината ликвидност е исцрпена со издавање на кредити коишто влијаат на активата на самата банка, но и на ликвидноста на банката и компании коишто се поврзуваат со една политичка партија којашто е денеска дел од опозицијата. Но, за тоа си има судски процес којшто ќе си даде одговор на сите овие прашања и ќе видиме кои се тие компании, кои се нивните сопственици и како тие компании ја исцрпиле банката до состојба да таа преку ноќ банкротира и луѓето до ден денеска да не можат да си ги добијат парите -рече Мицкоски.

- Advertisement -
Ad image

Мицкоски го отвори и прашањето дали политичката партија Левица, којашто имала штеден влог во Еуростандард банка успеала да си ги подигнат парите од заштедата.

– Не знам дали си ги доби една политичка партија која што исто така таму имаше штеден влог од 250.000 евра, тоа беше политичката партија Левица и не знам дали тие успеаја да си ги подигнат парите од заштедата којашто ја имаа во банката бидејќи во овие 12 години функционирање на таа политичка партија освен скапите одмори на Егејското Море, шопингот во бутиците во како љубат да кажат Tесалоники, деловните простори, кафаните, навредите, ништо друго не видовме од таа политичка партија. Се разбира и штедниот влог којшто го гледаме во оваа пропадната банка и не знам дали тоа ќе влијае врз коалицијата СДСМ -Левица, бидејќи СДСМ ја пропаѓа банката во која се заробени средства и капитал на политичката партија Левица – рече Мицкоски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖