Непријатен скандал го одбележа телевизискиот пренос на завршниот ВТА-турнир, откако коментатор на француската телевизија „beIN Sports“ упати навредлив коментар за изгледот на Арина Сабаленка, не знаејќи дека микрофонот му е вклучен и дека неговите зборови ги слушаат гледачите.
Инцидентот се случил на 9 ноември, непосредно пред натпреварот меѓу белоруската тенисерка и Каролина Мухова. Додека телевизијата емитувала промотивно видео во кое Сабаленка позира пред камерите и испраќа бакнеж, во позадина се слушнал гласот на коментаторот.
– Гледај, гледај, гледај, колку е ужасна – се слуша како вели тој, мислејќи дека не е во етер. Снимката од преносот брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика остри реакции, особено поради тоа што коментарот бил насочен кон физичкиот изглед на една од најдобрите тенисерки во светот.
Неколку медиуми го идентификуваа коментаторот како Матје Солие, но „beIN Sports“ официјално не го потврди неговиот идентитет. Тој досега не се огласил со јавна реакција за инцидентот.
Случајот стигна и до раководството на телевизијата, по што реагираше Флоран Узу, директор на програмата и редакцијата на „beIN Sports“ во Франција. Тој јавно ги осуди зборовите на коментаторот и упати извинување.
– Жалам за изјавите дадени во живо за време на преносот на ВТА-финалето и најостро ги осудувам. Таквите коментари не ги претставуваат вредностите на нашата телевизија. Повторно ја потврдувам нашата посветеност кон почитувањето на сите спортисти и учесници во нашите програми – порача Узу.
Телевизијата засега не соопшти дали против коментаторот ќе бидат преземени дисциплински мерки. Ни Сабаленка досега јавно не го коментирала случајот.
Скандалот се случи во момент кога белоруската тенисерка настапува на завршниот ВТА-турнир во Индијан Велс, каде што се собраа осумте најдобри тенисерки во сезоната. Сабаленка го почна настапот со победа над Каролина Мухова со 2-0 во сетови, 7-6(2) и 7-5.
Натпреварувањето се одржува од 8 до 15 ноември, а во групната фаза тенисерките се борат за пласман во полуфиналето.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
