Јавниот обвинител, Игорчо Крстов, од ОЈО Кочани, застапник на обвинението против Ива Михаилова, упати барање до неа јавно да му се извини и да ги повлече изјавите изнесени во поткастот кај новинар во Бугарија.
Во соопштението што го цитираат македонските медиуми се наведува дека Михаилова изнела невистинити тврдења со кои го нарушила угледот и професионалната репутација на обвинителот.
Обвинителот преку ополномоштен адвокат реагира на нејзините изјави дека наводно ѝ се обратил со дискриминаторска порака поради нејзиното бугарско национално чувство, како и тоа дека преку посредник ѝ биле побарани пари за да добие условна казна.
„Согласно член 12 став 1 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, се обраќаме до лицето Ива Михаилова со барање јавно да се извини на Игорчо Крстов и да ги повлече невистиностите и клеветничките изјави што ги изнесе против него преку Јутуб од 07.11.2026, јавно на ист или соодветен начин“, се додава во соопштението на кочанскиот обвинител и неговиот адвокат Аљоша Кацаров.
Крстов ги оценил овие наводи како клеветнички и бара нивно јавно повлекување.
Обвинителот на завчерашното рочиште побара да бидат набавени нејзините изјави објавени на социјалните мрежи, како и сите документи поврзани со нејзината здравствена состојба, вклучително и од „Мој термин“.
Михаилова го нарекла обвинителот „бугарофоб“ и го обвинила дека ѝ барал пари за полесна пресуда.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
