Background

Поранешната девојка откри дека ја малтретирал, татко му ги обвини жртвите дека го прогонувале

Откако Расел Бренд беше осуден на 10 години и шест месеци затвор за силување и сексуални напади врз четири жени, неговиот случај продолжува да предизвикува нови реакции. Најновиот потрес дојде од Џемима Голдсмит (52), поранешната сопруга на пакистанскиот политичар и поранешен премиер Имран Кан, која со Бренд била во врска околу една година, во периодот од 2013 до 2014 година. Таа јавно проговори за своето искуство и го обвини комичарот за насилство, присилна контрола и малтретирање. Во изјавата објавена на социјалните мрежи рече дека во 2014 година имало насилен инцидент во нејзиниот дом во Котсволдс, поради кој се исплашила и морала да повика полиција за да го отстрани Бренд од куќата. Тогаш не поднела обвинение, но сега истакна дека целосно им верува на жените кои сведочеле против него и дека е задоволна што конечно се соочил со правдата.

Во меѓувреме, британската полиција разгледува и нови пријави за сексуално насилство против него. Според медиумските извештаи, обвинителството во наредните недели треба да одлучи дали ќе подигне обвинение за уште две наводни силувања. Еден од случаите се однесува на девојка која во времето на наводниот настан имала само 16 години. Доколку обвинителството одлучи да продолжи со постапката, Бренд би можел повторно да се најде пред суд, и покрај затворската казна што веќе му е изречена. Тој беше прогласен за виновен за силување на една жена и сексуални напади врз уште три жени, за дела извршени меѓу 2004 и 2009 година. Беше ослободен од обвиненијата за уште две силувања и обид за недоличен сексуален напад.

По изрекувањето на пресудата, таткото на комичарот, Рон Бренд (82), предизвика нов скандал. Кога новинарка го праша дали има порака за жртвите на неговиот син, тој одговорил:

- Advertisement -
Ad image

– Жртвите? Какви жртви?

Кога му објасни дека мисли на жените кои биле сексуално нападнати, тој возвраќа дека станува збор за девојки кои го прогонувале и вознемирувале неговиот син. Рон отворено ја оспори и судската одлука, велејќи дека не верува во правосудниот систем по она што го видел, па дури и сугерираше дека поротата можеби била корумпирана. На прашањето како неговиот син ќе ја поднесе затворската казна, кратко одговорил дека е силен и дека ќе издржи.

Посебно внимание привлече и откритието за односот меѓу таткото и синот. Во својата автобиографија, Расел претходно пишува дека татко му му плаќал проститутки уште додека бил тинејџер, а го запознал и со порнографија кога бил дете, уште во основно училиште. И покрај таквото минато, Рон сега без двоумење застанува зад него. По пресудата, судијата Џоел Бенатан го опиша Бренд како човек кој од интелигентен, духовит и харизматичен јавен лик се претворил во сексуален предатор, злоупотребувајќи ја славата и влијанието. Бренд треба да помине најмалку седум години во затвор пред да може да бара условно ослободување, а ќе биде доживотно запишан и во регистарот на сексуални престапници.

Неговата сопруга Лора Галечер (39), со која имаат три деца, две ќерки и син, одлучила да не се откаже од бракот и покрај осудата. Според извори блиски до семејството, таа и понатаму верува во неговата невиност и размислува да се врати од Флорида во Велика Британија, заедно со децата, за да живеат поблиску до затворот во кој ќе ја издржува казната. Семејството веќе поседува куќа во Оксфордшир. За време на судењето Лора беше единствената личност која лично сведочеше во одбрана на Бренд. Кога беше прочитана пресудата, не можеше да ги задржи солзите, а додека го изведуваа од судницата, тој ѝ рече: Ќе бидеме добро.

Нивната приказна започнала уште во 2006 година, кога Лора имала 19, а Бренд 31 година. Тогаш кратко биле во врска, но се разделиле. Повторно се сретнале во 2015 година, сосема случајно, за време на прошетка покрај канал во источен Лондон. Лора подоцна раскажа дека Бренд бил многу поинаков од човекот што го познавала претходно и дека двајцата веднаш почувствувале оти овојпат станува збор за сериозна врска. Се венчаа во 2017 година, а на свадбата присуствуваа и Ноел Галагер и Џонатан Рос.

Лора, која е ќерка на познатиот голфер Бернард Галечер, со години се држеше настрана од јавноста, се посвети на семејството и пишувањето, а објави и книга за родителство. Во последните месеци почесто се појавуваше со сопругот во нивната заедничка христијанска емисија „Sunday Service“ на Јутјуб, во која разговараа за верата, читаа Библија и се молеа. Само неколку дена пред пресудата, Бренд пред камерите призна дека се плаши од затворот, а Лора се обидуваше да го утеши. Сега двајцата се соочуваат и со тешката задача да им објаснат на децата што се случило и зошто нивниот татко ќе биде отсутен со години.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖