Шпанското Министерство за млади и деца побара од државното обвинителство да отвори итна истрага за содржини што прикажуваат сексуална злоупотреба на деца на платформата ТикТок, посочувајќи можност за целосна суспензија на нејзините услуги во земјата.
Барањето доаѓа по истрагата на шпанската непрофитна организација Малдита.ес, која за период од 35 дена документирала 1.182 јавни објави со експлицитни материјали за сексуална злоупотреба на малолетници, кои оствариле 48 милиони прегледи.
Истрагата покажала дека системите за пребарување и препораки на платформата им помагале на корисниците да ги најдат овие содржини, при што дел од профилите користеле пикселизација и емотикони за прикривање делови од фотографиите и рекламирале дека целосните видеа се на продажба.
Истражувачите исто така идентификувале преку 7.700 профили на шпански јазик кои поседувале или нуделе вакви материјали, како и 91 пренос во живо во кои гледачите им нуделе пари на малолетници од 17 земји за исполнување сексуални барања.
Министерката за млади и деца, Сира Рего, побара итна средба со претставниците на ТикТок во Шпанија за да дадат одговори за заштитните механизми.
Од Министерството ги оценија наодите како „исклучително сериозни“ и повикаа на координиран одговор од шпанските и европските власти, додека организацијата доказите ги достави до надлежното обвинителство за кибер криминал.
Платформата ТикТок сè уште нема одговорено на прашањата од истрагата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
