Работна група составена од претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и од Ветеринарната комора ќе работи на анализа врз основа на која ќе се направат и промени на Методологијата за дефинирање на цените на ветеринарните услуги кои не се променети со години, информираа од агенцијата по средбата на дитекротот Јовица Андовски сопрвите луѓе на Ветеринарната комора.
Токму ниските цени и медодологијата на нивното утврдување беше причина за денешниот мирен протест на ветеринарите пред прсториите на Агенцијата за храна и вентеринарство , откако ветеринарите одржаа мирен протест пред Агенцијата за храна и ветеринарство.
Ветеринарите укажуваат и на недоволните буџетски средства за здравствена заштита на животните, особено во последните две години, како и на, според нив, несоодветниот институционален третман на професијата.
Тие предупредуваат дека доцнењето на превентивните мерки го отежнува навременото откривање и спречување на болестите кај животните, што може да има последици врз сточарството, прометот со животни, безбедноста на храната и јавното здравје.
АХВ соопшти дека биле прифатени и неколкуте барања поставени од Комората со цел продолжување на започнатиот дијалог и решавање на актуелните проблеми кои ги истакнаа претставниците на приватната ветеринарна пракса.
Како што информира директорот на АХВ, во најкус рок ќе продолжи земањето на мострите за лабараториски испитувања согласно Годишната наредба за здравствена заштита на животните, а тековно ќе се врши и исплата на обврските за реализираните ветеринарни активности согласно програмите.
Андовски истакна дека АХВ останува отворена за дијалог и соработка секогаш кога постојат отворени прашања со цел да се надминат сите предизвици и да се зајакнат капацитетите на системот и да се обезбеди ефикасна заштита на здравјето на животните и луѓето.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
