Background

Томас Маркл, таткото на Меган Маркл, не се вратил во домот за стари лица во Флорида по апсењето под обвинение за поседување материјали со сексуална злоупотреба на деца

Томас Маркл, таткото на Меган Маркл, не се вратил во домот за стари лица во Флорида по апсењето под обвинение за поседување материјали со сексуална злоупотреба на деца. Според британскиот „Сан“, неговите лични работи биле изнесени од установата, а извор близок до случајот тврди дека е можно управата да побарала да замине затоа што таму редовно доаѓаат деца.

Осумдесет и двегодишниот Маркл беше уапсен на 6 ноември во установата во Лекленд, Флорида, од агенти на ФБИ. По сослушувањето пред федерален судија во Тампа, му беше дозволено да биде пуштен од притвор додека ја чека судската постапка, но под домашен притвор и со електронски надзор. Забранет му е контакт со деца, како и пристап до интернет и паметни уреди. Судот наредил и психијатриска процена за да се утврди дали е способен да ја разбере постапката и да учествува во сопствената одбрана.

„Сан“ објави дека неговата облека и лични предмети биле подигнати од установата од страна на Марк Филипс, партнерот на неговата ќерка Саманта. С

- Advertisement -
Ad image

Обвинението против него се однесува на материјали пронајдени во две складишта во близина на Лос Анџелес, кои ги изнајмувал од 2008 година. Според американското Министерство за правда, агентите на ФБИ одзеле околу 78 предмети – дијапозитиви, филмски негативи и книги со сомнителни фотографии. Во судските документи се наведува дека на две фотографии се гледа возрасен маж, кого сведок го идентификувал како Маркл, со голи девојчиња пред пубертетска возраст. Тој е обвинет за едно дело поседување материјали со сексуална злоупотреба на деца и, доколку биде прогласен за виновен, може да добие до 20 години затвор.

Истрагата почнала откако неговиот син Томас Маркл Помладиот, според извештаите на „Сан“, пронашол голема колекција сомнителни фотографии и видеоснимки меѓу работите на татко му во Филипините. Тој тврди дека пријавил во полиција и контактирал со ФБИ. Филипинските власти, според медиумските извештаи, заплениле околу 7.500 фотографии со малолетници. Во меѓувреме, истрага е отворена и во Мексико, каде што полицијата претресла складиште поврзано со Маркл и одзела компјутери, видеокасети, УСБ-мемории и списанија.

Неговиот син во изјава за „Сан“ рекол дека со години се грижел за татко му и му помагал, но дека тоа сега завршува. Додал дека повеќе нема да разговара со него, освен ако не биде повикан да сведочи против него. Томас Маркл претходно ги отфрли обвинувањата, нарекувајќи ги „болни лаги“. Обвинението сè уште не е докажано, а тој не се изјаснил за вината.

Меган Маркл, која со татко ѝ не е во контакт од 2018 година, минатиот месец изјави дека е „длабоко вознемирена“ од обвинувањата и дека мислите ѝ се со сите деца што можеби биле повредени. Таа објасни дека одлуката татко ѝ да нема контакт со нејзините деца била донесена за да ги заштити. Томас Маркл претходно живеел во Филипините, а по мозочниот удар и ампутацијата на левата нога се вратил во САД.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖