Германската влада, по 108 години од воведувањето на осумчасовниот работен ден, разгледува реформа на Законот за работно време со која се префрла фокусот од дневно на неделно ограничување на работното време, наместо целосно укинување на осумчасовниот работен ден. Синдикатите во Германија изразија загриженост и предупредуваат на потенцијални ризици по здравјето и безбедноста на работниците поради продолжените дневни часови.
Со предложените измени на Законот се разгледува опцијата наместо строго ограничување од максимум 8 часа дневно, работното време да се ограничи на неделно ниво, што во одредени случаи може да овозможи подолги дневни смени (на пример, до 12 часа во рамки на одредени договори или услови). Нацрт-решенијата ја задржуваат стандардната рамка, но дозволуваат флексибилност подолго дневно работно време ако е регулирано со колективни договори или социјални партнерства.
Темата во центарот на вниманието ја постави канцелатот Фридрих Мерц на 13 октомври на денот на работодавачите во Берлин, истакнувајќи го примерот на компаниите каде што луѓето работат 12 часа, „три пати неделно и тоа е тоа“. Тој додаде дека работен ден подолг од осум часа „не е експлоатација“. Тој тврди дека тоа може да биде добра можност и за компаниите и за вработените пофлексибилно да го распоредат работното време.
Но, три недели потоа нацртот сè уште не стигнал до владата. Коалицијата на христијанските демократи и социјалдемократите сè уште не може да се согласи за тоа како треба да изгледа работен ден подолг од осум часа.
Клучот на спорот е една реченица од коалицискиот договор – партиите се обврзаа да воведат можност за неделни наместо дневни ограничувања на работното време.
Актуелниот закон дозволува осум часа на ден, а максимум десет, ако се чува просек од осум во период од шест месеци, или 24 недели. Законот пресметува со шест работни дена, од понеделник до сабота, а тоа резултира со горна граница од 48 часа неделно. Период за одмор од 11 часа е задолжителен помеѓу два работни дена.
Нацртот на министерството од јуни го задржа осумчасовниот работен ден како правило. Тој дозволи неделниот максимум само ако социјалните партнери се согласат за тоа во колективниот договор и ако посебни правила обезбедат дека здравјето на работниците не е загрозено. Неделниот просек од 48 часа би морал да се почитува во период од 12 месеци.
Нацртот, исто така, воведува задолжителна електронска евиденција на работното време. Компаниите со помалку од 250 вработени би имале две години да се прилагодат, оние со помалку од 50 пет години, а работодавачите со максимум десет вработени би биле трајно ослободени од електронскиот формулар.
Колку часови треба да се работат најмногу во еден работен ден? Бројката од 13 часа, која често се споменува, е само она што останува кога од 24-те часа ќе се одземе задолжителниот одмор од 11 часа. Од тоа треба да се одземат пропишаните паузи, 45 минути за работа подолга од девет часа.
Работодавачите го поздравија нацрт-законот, но со забелешки.
-Нацрт-законот е полн со недоверба кон работодавачите и нивните вработени – изјави претседателот на организацијата на работодавачи, Рајнер Дулгер,
Оливер Зандер, директор на здружението на металната индустрија Gesamtmetall, оцени дека тоа не е реформа, туку „збир од максималистички барања“.
Главниот приговор е дека колективниот договор во Германија опфаќа само околу половина од вработените, па затоа другата половина нема да има корист од реформата.
Од друга страна, синдикатите одбиваат каква било промена.
Претседателката на Конфедерацијата на германски синдикати (DGB), Јасмин Фахими, тврди дека работодавците не се грижат за усогласување на семејството и работата, туку за поголем надзор на работното време на вработените.
Според анкетата на DGB, 98% од вработените ги прифаќаат ваквите промени, но не сакаат да работат по 19 часот.
Силке Цимер од раководството на синдикатот Верди смета дека постојниот закон за еден од најважните заштитни прописи што не смее да се допре. Дури и го отфрла ограничувањето на колективните договори, иако тоа би можело да го зголеми бројот на вработени опфатени со договорите.
Аргументите против подолг работен ден не доаѓаат само од синдикатите. Според истражувањата, ризикот од несреќа на работа или на пат кон дома по 12 часа работа е двојно поголем отколку по осум.
Во анкета на Институтот WSI, речиси три четвртини од испитаниците се плашат од негативните последици од работењето подолго од десет часа.
Медицинското здружение Марбургер Бунд предупредува на ризик за безбедноста на пациентите.
Фондацијата Ханс Беклер отиде најдалеку и предупреди на закана за демократијата – оние кои работат подолго од осум и пол часа на ден имаат значително помала веројатност да бидат вклучени во политичкиот, волонтерскиот и општествениот живот.
Сега сè е во рацете на Александар Швајцер, новиот министер за труд. Тој сè уште не дал изјава за клучното прашање, дали ќе го задржи ограничувањето на колективните договори.
Меѓутоа, претходно, тој истакна дека Германија имала 1,3 милијарди прекувремени часови само во 2023 година и рече дека „потребни се флексибилни модели кои мора да одговараат на животот на луѓето“.
Коалициски договор сепак нема, а приоритет на новиот министер е пензиската реформа, па аналитичарите не очекуваат дека со неа ќе отвори битка за работното време.
Дотогаш важи стариот закон. Работодавците не можат да се повикуваат на коалицискиот договор или на нацртот на министерството за да ги надминат постојните ограничувања.
Осумчасовниот работен ден, кој е стар 108 години, засега останува, не затоа што некој го брани, туку затоа што коалицијата не може да се договори како да го собори.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
