Преземањето започна во 2025 година. Комисијата за хартии од вредност на 10 септември 2025 ѝ издаде дозвола на Алта банка АД Белград да објави понуда за преземање на Стопанска банка Битола по цена од 3.777 денари за акција. Претходно, во август 2025, Комисијата ја запре постапката започната по барање на Алта груп, бидејќи преземачот бил сменет во рамките на групата, па како преземач се појави Алта банка Белград.
Понудата опфаќаше 371.538 обични акции. Алта банка веќе поседуваше 19.439 акции (4,97%), а за успех требаше да се продадат најмалку 273.795 акции (70,03%). Вредноста се проценуваше на околу 22,8 милиони евра. Понудата ја прифатија 262 акционери, кои продадоа 344.420 акции, а Алта банка стекна 88,09% од капиталот. Во име на купувачот во Македонија настапи адвокатот Александар Кралевски. Банката потоа беше ребрендирана во Алта банка АД Битола, а сопственоста на белградската банка порасна на 95,336%.
Според проспектот за преземање, најголем поединечен акционер била „Пелистерка“ со 16,99%. Меѓу поголемите акционери бил и Орце Камчев, а „Пелистерка“ заедно со „Тимох“ држеле речиси 22% од акциите. Државата нема акции во банката. Цветан Панделевски се споменува во јавноста како поранешен акционер.
Пред преземањето (мандат до март 2026): Гордана Гацева (претседателка и независен член), Борислав Атанасовски (заменик-претседател), Стевчо Јолакоски, Игор Камбовски и Антони Пешев (независен член). Според партиски соопштенија, порано на чело на Надзорниот одбор бил и Миле Зечевиќ.
Од март 2026 (четиригодишен мандат, согласност на НБРСМ од 19 март 2026):
| Име | Улога |
|---|---|
| Давор Мацура | член, сопственик на Алта груп и индиректен краен сопственик на белградската банка |
| Уна Сикимиќ | членка, претседателка на Управниот одбор на Алта банка Белград |
| Татјана Куљак | членка, членка на Управниот одбор на Алта банка Белград |
| Вељко М. Мијушковиќ | независен член, професор на Економскиот факултет во Белград |
| Горан Коевски | независен член, професор на Правниот факултет |
Последниот познат состав:
| Име | Статус |
|---|---|
| Александра Радевска | претседателка. Поднела оставка на 31 август 2026 и ја извршувала функцијата до 30 септември 2026 |
| Зарије Коралија | член, еднолетен мандат, согласност на НБРСМ од 19 март 2026 |
| Стефан Николиќ | член, именуван на 2 март 2026, согласност на НБРСМ од 8 мај 2026 |
| Гордана Балтовска | во регистрите се води како членка, но во списокот на Македонската берза се наведуваат само Коралија и Николиќ |
| Даниела Ѓоршевска | членка до комплетирањето на составот во декември 2025, водена и како прокуристка |
Извршниот одбор на НБРСМ воведе администрација за три месеци. За администратори се именувани Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, вработени во Народната банка. Тие ги преземаа надлежностите на Надзорниот и Управниот одбор и на Собранието на акционери, освен одлучувањето за зголемување на капиталот. Рокот за утврдување на состојбата и доставување извештај до Извршниот одбор е 21 ден. Алта банка Белград го загуби правото на глас во македонската банка. Значи, сите гореспоменати органи во пракса немаат моќ додека трае администрацијата.
| Показател | 2023 | 2024 | 2025 | I–IX 2026 |
|---|---|---|---|---|
| Нето резултат (мил. денари) | загуба 189,8 | добивка 163,2 | добивка 40,6 | загуба 48,6 |
| Вкупна актива (мил. денари) | 11.142 | 10.993 | 11.287 | околу 11.000 |
| Главнина (мил. денари) | 1.692 | 1.920 | 1.988 | околу 2.000 |
Податоците за 2023, 2024 и 2025 се од објавите на банката на Македонската берза.
Банка што прикажува загуба не мора да има проблем со исплата на депозити. Но четири работи заслужуваат јавно објаснување: сопственичката структура по падот на матичната банка, подобноста на крајниот сопственик, одливот на депозити и квалитетот на кредитното портфолио. Одговорите допрва ќе ги дадат администраторите и НБРСМ.
С.Д.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
