Раководителка на штедилница во Кавадарци е осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од штедачи, соопшти Јавното обвинителство.
„Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против едно лице и презема предистражни дејствија поради сомненија за повеќе кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување, Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем и Проневера во службата. Постои основано сомнение дека осомничената, раководителка на филијала на штедилница во Кавадарци, подолг временски период преземала дејствија на измами и злоупотреби на парични средства на штедачите. Таа реализирала фиктивни кредити на име на оштетени граѓани и не ги евидентирала прописно нивните депозити, прибавувајќи така противправна имотна корист“, соопшти Обвинителството.
Оттаму наведуваат дека со цел обезбедување докази, врз основа на наредба обезбедена од Судот по барање на јавниот обвинител, вчера биле извршени повеќе претреси и била одземена документација и други предмети.
„Откако дејствијата на осомничената биле откриени, штедилницата го прекинала нејзиниот работен однос. Поради ризикот од бегство, јавниот обвинител достави предлог за определување мерки на претпазливост – одземање на патната исправа и обврска за осомничената да се јавува во судот“, додадоа од Обвинителството.
Од ЈО додаваат дека продолжуваат со дејствија за целосно испитување на случајот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
