Американското Федерално истражно биро (ФБИ) го уапси 82-годишниот Томас Маркл Постариот, татко на војвотката од Сасекс, Меган Маркл, под обвинение за поседување материјали што прикажуваат сексуална злоупотреба на деца.
Апсењето се случило во американската сојузна држава Флорида, откако истражителите пронашле сомнителни фотографии и други предмети во две складишта што ги изнајмувал во Калифорнија, јави Ројтерс.
Маркл се соочува со едно федерално обвинение, за кое, доколку биде прогласен за виновен, му се заканува казна до 20 години затвор.
Директорот на ФБИ, Каш Пател, соопшти дека агентите го уапсиле Маркл по истрага во која бил откриен материјал со сексуална злоупотреба на деца.
– Господинот Маркл наводно таргетирал невини деца. ФБИ ќе ги искористи сите ресурси што му стојат на располагање за да ги заштити децата – изјави Пател.
Истражителите претресле две складишта во поширокото подрачје на Лос Анџелес, кои Маркл ги изнајмувал од 2008 година. Заплениле околу 78 предмети, меѓу кои филмски негативи, дијапозитиви и книги со сомнителна содржина.
Според обвинителството, дел од фотографиите наводно го прикажуваат Маркл со малолетни девојчиња.
Истрагата започнала откако неговиот син, Томас Маркл Помладиот, пријавил дека меѓу работите на татко му на Филипините пронашол материјали што би можеле да претставуваат докази за сексуална злоупотреба на деца.
Информациите ги доставил до надлежните органи, по што американските истражители откриле дека Маркл изнајмувал складишта во Калифорнија.
Првиот помошник на федералниот обвинител, Бил Есали, оцени дека обвиненијата се исклучително сериозни.
– Господинот Маркл е обвинет за поседување материјал што прикажува сексуална злоупотреба на деца, вклучително и фотографии на кои наводно е прикажан со малолетни девојчиња. Ќе го гониме во согласност со федералниот закон – изјави Есали.
Маркл претходно ги отфрли обвинувањата и тврдеше дека никогаш не поседувал такви материјали.
Случајот добива дополнителна тежина поради тврдењата на Меган Маркл дека уште во 2019 година добила писмо со вознемирувачки обвинувања против татко ѝ.
Писмото претходно било доставено до лондонската Метрополитен полиција, а Меган добила уверување дека информациите се истражуваат.
Подоцна се покажало дека британската полиција не ги проследила обвинувањата до други надлежни служби. Поради тоа, постапувањето на полицијата сега е предмет на независна истрага.
Меган, која со татко ѝ не одржува контакти уште од периодот пред свадбата со принцот Хари во 2018 година, соопшти дека е длабоко вознемирена од обвинувањата.
Таа претходно изјави дека одлуката да го држи татко ѝ подалеку од своите деца била донесена заради нивна заштита.
Томас Маркл Постариот треба да се појави пред федерален суд во Тампа.
Tagged as:
ФБИ ГО УАПСИ ТАТКОТО НА МЕГАН МАРКЛ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
