Background

Извештајот на ЕК ги издвојува градежништвото и ИТ-секторот

Економскиот раст во Македонија се забрзал во 2025 година, додека јавниот долг се намалил за 2 процентни поени во однос на претходната година. Европската комисија во најновиот извештај за напредокот на земјата ги издвојува градежништвото и информатичко-комуникациските услуги како сектори со особено добри резултати, соопшти Министерството за финансии.

Според извештајот, растот бил поттикнат од силните инвестиции и приватната потрошувачка. Градежништвото имало корист од засилените јавни работи на патната инфраструктура, додека приватните инвестиции биле поддржани и од корпоративните кредити субвенционирани од Владата.

Европската комисија констатирала дека буџетскиот дефицит во 2025 година изнесувал 4 отсто од бруто-домашниот производ (БДП), во согласност со планираното.

- Advertisement -
Ad image

Извештајот бележи напредок и во управувањето со јавните финансии, спроведувањето на Законот за буџети и зајакнувањето на финансиската контрола.

Министерството за финансии донело повеќе подзаконски акти за подобрување на буџетскиот процес. Усвоени се и Фискалната стратегија и Стратегијата за управување со јавниот долг, со среднорочни проекции.

Позитивно се оценети и активностите за подобро планирање и следење на јавните инвестиции. Министерството развило привремена електронска база за евидентирање на проектите и за следење на нивната финансиска реализација.

До крајот на 2025 година, 76 отсто од буџетските корисници на централно ниво воспоставиле системи за управување со ризици според новата методологија.

Европската комисија нотирала напредок и во јавната внатрешна финансиска контрола, за која се донесени два подзаконски акта.

Во рамките на Реформската агенда, Европската комисија заклучно со јуни 2026 година исплатила 142,1 милион евра, вклучувајќи го и претфинансирањето.

Средствата се однесуваат на дигиталната трансформација, финансиската контрола, управувањето со државните претпријатија и подобрувањето на квалитетот на образованието.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖