Хирурзи од медицинскиот центар „Шеба“ од Тел Авив, Израел, заедно со македонските тимови извршија 24 специјалистички прегледи и 16 операции на повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи на 16 март 2025 година.
Министерот за здравство Сашо Клековски денеска ги претстави резултатите од посетата на израелскиот тим. Рече дека во нивниот фокус биле интервенции на дланките и на рацете на повредените, за да им се врати функцијата. Интервенциите опфатија ексцизија и ревизија на лузни, ослободување на контрактури, З-пластика и трансплантати на кожа со полна дебелина.
Оперирани се 16 пациенти, 10 мажи и 6 жени. Шест операции се извршени на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје, меѓу нив петте најсложени, а 10 сеизвршени во Општата болница Кочани.
– Здравствените власти се тука на долги патеки. Грижата за повредените во Кочани не заврши со болничкото лекување. Таа продолжува со операции, контроли и со рехабилитација. Им благодарам на колегите од медицинскиот центар „Шеба“. Д-р Харац и д-р Канфино Кац беа со нас и веднаш по трагедијата, а сега се вратија за да продолжат да помагаат – рече министерот Клековски.
Директорката на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија д-р Јасмина Ѓоргиевска Павловска истакна дека на Клиниката продолжува со следење на оперираните пациенти.
Директорката на Општата болница Кочани д-р Катерина Мирчовска додаде дека десетте пациенти оперирани во Кочани ќе ги продолжат контролите блиску до дома.
Д-р Гордана Георгиева од работната група на Министерството за здравство објасни дека работната група ги координира сите напори за потребите на повредените, од категоризацијата на повредите до планот за рехабилитација за секој пациент.
– Нашите хирурзи работеа рамо до рамо со израелските колеги. Пациентите добија врвна стручност, а нашите лекари искуство што останува дома. Работната група ќе продолжи да ја координира грижата за секој повреден, онолку долго колку што е потребно – потенцира министерот Клековски.
Tagged as:
ХИРУРЗИ ОД ИЗРАЕЛ ОПЕРИРАА 16 ПОВРЕДЕНИ ВО ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
