Background

Димитриеска-Кочоска апелира граѓаните да веруваат во системот кој работи на проблемот

Банкарскиот сектор во земјата е стабилен и регулиран со најстроги закони.  Алта банка има незначително учество во тој сектор, а проблемот кој настана со оваа банка ни дојде од Србија, изјави министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.

– Банкарскиот сектор е стабилен и ова не е првпат да го зборувам. Ова е резултат на едно долгогодишно искуство и работење во банкарскиот сектор. Законите во Македонија се најстроги кога станува збор за овој дел или финансискиот систем целокупно, особено банкарскиот би го издвоила. И тука морам да кажам, не само законските регулативи, туку и подзаконските прописи што ги пропишува Народната банка, но исто така и интерните процедури што ги имаат банките се многу строги – рече министерката во гостување во Централниот дневник на МРТ.

Во однос на состојбата во Алта банка Битола рече дека таа банка има речиси незначителено учество во целиот банкарски сектор, но легитимна е загриженоста на граѓаните нејзини клиенти.

- Advertisement -
Ad image

– Ако вие сте клиент на банката во овој момент, нормално е дека сте загрижени затоа што платата не сте ја добиле или пари имате во банката. И сега администрацијата на Народната банка воведува одредени ограничувања и легитимно е правото на граѓаните да бидат загрижени. Но мора да бидеме сигурни во системот, да веруваме во системот и во надлежната институција која веќе работи таму и да веруваме дека состојбата ќе биде под контрола. Дотолку повеќе што ова не е резултат на проблеми што ги имаше банката во Македонија, туку ова е резултат на она што се случува во матичната би рекла компанија, сопственик на банката во Македонија, тоа е банката во Србија. Од таму почнуваат проблемите, така што банката во Македонија доаѓа во состојба да нема сопственик, односно се менуваат ситуациите таму и тука настануваат проблемите – појасни министерката.

Според министерката, важно е дека го имаме Фондот за осигурување депозити, преку кој во крајна линија, доколку има потреба, ќе се обесштетат депонентите во банката. Притоа изрази уверување дека до таква ситуација не би требало да дојде.

Во интервјуто се осврна на предлог-буџетот за 2027 година, во кој, како што истакна, најпрвин е предвидено да ги задоволи законските обврски и понатаму да ја има развојната компонента. Исто така, наведе дека вработените во сите институции ќе добијат повисоки плати како резултат на порастот на минималната плата, а во одредени сектори и врз основа на потпишани колективни договори.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖