Двајцата осомничени за манипулации со електронските индекси на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип добија осум дена притвор. Судија на претходна постапка од Основниот суд во Штип го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за притвор на 44-годишниот Р.Т., раководител на е-индексот, и 44-годишната М.М.Н., советничка во студентската архива.
Двајцата се осомничени за компјутерска измама и злоупотреба на службената положба, а според Обвинителството, противправната имотна корист од манипулациите засега се проценува на 21.000 евра.
Според МВР, раководителот на е-индексот подолг период земал пари од студенти од Турција за да им овозможува пријавување и полагање испити по истекот на роковите. Осомничен е и дека бришел оценки и кредити од електронските индекси за студентите да можат да запишат нов семестар или година, како и дека внесувал податоци за наводно платена школарина.
При претресот во неговиот дом биле одземени три лаптопи, четири мобилни телефони, УСБ-мемории, документација и пари.
Со судска наредба бил пребаран и електронскиот систем на универзитетот, при што истражителите пронашле податоци за направените промени.
„Но, при тоа пронајдени се записи и за извршени промени во системот и од страна на 44-годишната М.М.Н., вработена како советник на студентската архива, и кај неа е извршен претрес на домот по дополнително издадена судска наредба, по што е лишена од слобода“, соопштија од МВР.
Според Обвинителството, сомнителните активности се одвивале 5 години, во периодот од 2021 до 2026 година.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
