Background

На Халовин изгледаше како вишок покрај сопругата и Демијан Харли

Бруклин Бекам повторно се најде на мета на коментарите на јавноста по фотографиите од прославата на Халовин, на кои се појави со сопругата Никола Пелц и нивниот пријател Демијан Харли. Додека Никола беше облечена како Жената-мачка, Бруклин го избра костимот на Супермен, но една заедничка фотографија предизвика особено многу реакции.

На фотографијата Демијан стои покрај Никола, со раката околу неа, додека Бруклин е малку настрана. Дел од корисниците на социјалните мрежи го нарекоа „трето тркало“ во друштвото, коментирајќи дека изгледа како да не припаѓа во заедничката фотографија.

Реакциите очигледно не останале незабележани. Бруклин ја избришал фотографијата само неколку часа откако ја објавил, откако се соочил со бројни коментари на сметка на неговото држење и односот со сопругата.

- Advertisement -
Ad image

Сепак, на другите фотографии од вечерта парот разменува бакнежи и нежности. Никола позираше во тесен црн кожен комплет со карактеристични мачешки уши, додека Бруклин беше облечен како Супермен. Демијан Харли, синот на актерката Елизабет Харли, се појави во кожен црн костим инспириран од изгледот на Мајкл Џексон од периодот на албумот „Dangerous“.

Што открива говорот на телото?

За фотографиите се огласи и експертката за говор на телото Џуди Џејмс, која смета дека Никола и Демијан го презеле главното место на фотографијата, додека Бруклин изгледа како случаен гостин.

Според неа, неговата насмевка и раката ставена во џеб оставале впечаток на непријатност, додека Никола и Демијан изгледале многу посамоуверено пред објективот.

Таа забележала и дека на една од фотографиите Бруклин ја држи сопругата и погледот му е свртен кон неа, додека Никола позира пред камерата. Според нејзината анализа, тој изгледа како да се обидува да го привлече нејзиното внимание.

Сепак, Џејмс нагласила дека фотографиите не се причина да се заклучи дека има проблеми во бракот. Според неа, ваквата динамика е присутна во нивните јавни појавувања уште од почетокот на врската – Никола ужива во вниманието на камерите, додека Бруклин често ја гледа со восхит и ѝ дава простор да биде во центарот на вниманието.

Семејната расправија сè уште фрла сенка врз нивниот брак

Овие фотографии повторно ја разгореа љубопитноста на јавноста за односот на Бруклин со неговите родители, Дејвид и Викторија Бекам. Познато е дека односите во семејството се сериозно нарушени, а Бруклин претходно јавно проговори за несогласувањата и причините поради кои се дистанцирал од родителите.

Во јануари тој објави опширна изјава во која изнесе низа обвинувања на сметка на своето семејство, меѓу другото и во врска со неговата свадба со Никола во април 2022 година.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖