Крузерот „Crown Iris“, кој требало да исплови од грчкото пристаниште на островот Сирос кон израелското пристаниште Хаифа, бил евакуиран во вторникот по дојава за можна поставена експлозивна направа на подводниот дел од бродот. Истрагата за случајот е во тек, објави грчкиот јавен сервис ЕРТ.
Евакуацијата на патниците започнала нешто по 19 часот по локално време. Тие ќе бидат сместени во простории што ги обезбедила општината Сирос-Ермуполи, каде што ќе останат до завршувањето на безбедносните проверки, објави синоќа ЕРТ.
На бродот, кој плови под панамско знаме, имало 940 патници и 597 членови на екипажот, односно вкупно 1.537 лица.
Според досега достапните информации, непознато лице преку поморската радиоврска „VHF“ го известило крузерот дека на неговиот подводен дел се наоѓа експлозивна направа. Капетанот веднаш ги известил пристанишните власти на островот Сирос.
Припадници на крајбрежната стража, со помош на куче обучено за откривање експлозиви и приватен нуркач, го пребарале бродот. На местото била испратена и специјална единица на крајбрежната стража.
По спроведената истрага и проверките од специјалната единица за подводни мисии на грчката крајбрежна служба, а откако претходно беше евакуиран по добиена дојава за поставена бомба во подводниот дел од трупот на бродот, израелскиот крузер „Crown Iris“ со 940 патници и 597 членови на екипажот, отплови од пристаништето на грчкиот остров Сирос.
Проверките започнаа вчера попладне, а завршија околу полноќ и откако не беше пронајден никаков експлозивен механизам, патниците и членовите на екипажот се вратија во крузерот и го продолжи планираното патување кон Хаифа, Израел.
Дојавата за бомба на бродот пристигнала истиот ден кога најмалку седум авиони во Европа добиле закани за поставени бомби. Тоа предизвикало нарушувања во авиосообраќајот, иако ниту во еден од случаите не биле пронајдени експлозивни направи.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
