Background

Шпанската национална полиција отвори истрага против голманот на Андора, Хесус Овоно, по смртта на фудбалерот на Тенерифе, Хесус де Мигел Аламеда, кој почина утрово од повредите здобиени во жестокиот судир на синоќешниот натпревар од втората шпанска лига

Шпанската национална полиција отвори истрага против голманот на Андора, Хесус Овоно, по смртта на фудбалерот на Тенерифе, Хесус де Мигел Аламеда, кој почина утрово од повредите здобиени во жестокиот судир на синоќешниот натпревар од втората шпанска лига.

Одделот за убиства при шпанската национална полиција го истражува случајот, а според Ројтерс, се проверува можноста за кривично дело убиство од небрежност.

Трагичниот инцидент се случил во судиското продолжение на натпреварот. Аламеда тргнал во контранапад од сопствената половина, кога се судрил со Овоно, кој истрчал од својот шеснаесетник за да ја пресече топката.

- Advertisement -
Ad image

Во жестокиот контакт, коленото на голманот го погодило фудбалерот во градите и лицето, по што Аламеда паднал на тревникот во бессознание. Тој се здобил со тешки повреди и доживеал срцев и респираторен застој.

Случајот предизвика големо вознемирување во Шпанија, особено поради жестината на судирот и драматичната медицинска интервенција. Аламеда бил реанимиран, а потоа самостојно дишел додека го транспортирале во болница.

Од клубот првично соопштиле дека неговата состојба е сериозна, но стабилна. Сепак, утрово објавиле дека фудбалерот починал откако дошло до влошување на неговата невролошка состојба.

Според шпанското законодавство, за секоја смрт што се смета за неприродна автоматски се покренува судска истрага.

Аламеда е роден во Мадрид во 1996 година, а во текот на кариерата настапувал за Леганес, Унионистас и Кастељон, пред минатата година да потпише за Тенерифе.

По трагичната вест се огласи и сопственикот на Андора, Жерард Пике.

– Жал ми е од дното на душата. Почивај во мир, Хесус – напиша Пике.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖