Background

НАД 94% ОД БРОИЛАТА ЗА СТРУЈА РЕДОВНО СЕ ЧИТААТ

Од почеток на годинава до сега над 94% од броилата биле отчитани, велат податоците од Електродистрибуција. Останатите 6% кои се читаат периодично, се броила сместени во викендички, оддалечени места или затворени внатре во објекти кои не се користат секојдневно.

Податоците на месечно ниво укажуваат на тоа дека процентот на прочитани броила е во континуитет на високо ниво и просечното месечно ниво не е пониско од 87%,  а ова важи и за летните месеци јуни, јули и август кога вообичаено сметките се паушални.

Граѓаните можат да видат дали нивното броило е прочитано или не во својата сметка, каде што ако стои ознака О се работи за прочитано броило, а ако стои ознака М се работи за паушално одреден износ.

- Advertisement -
Ad image

Од почетокот на годината околу 8.031 граѓани побарале  корекции  на сметките и нивните жалби биле прифатени. Статистиката на компанијата покажува дека на месечно нивно жалби поднеле околу 0,13 % од вкупниот број  потрошувачи.

Се очекува дополнително унапредување во овој дел, преку имплементација на важечкиот сет на Европски регулативи, т.н. пакет „Чиста енергија“. Се работи за целосна имплементација на Законот за енергетика и Законот за користење на обновливи извори на енергија.

Регулативата опфатена со пакетот за „Чиста енергија“, покрај другото, треба да ја забрза енергетската транзиција и да создаде предуслов за развој на пазарите и поголема интерактивност помеѓу компаниите и потрошувачите.

Дел од овие мерки предвидуваат и развој на паметни енергетски мрежи и воведување системи на т.н. паметни мерни уреди. Според одредени информации, веќе е изготвена техничка и економска анализа на сите трошоци и придобивки за пазарот, како и за зголемување на енергетската ефикасност од воведувањето паметни мерни системи од страна на Електродстрибуција. Оваа анализа е законска обврска на компанијата, а истата е доставена до Регулаторната комисија за енергетика, како и до Секретаријатот на Енергетската заедница.

По препорака на РКЕ, ќе следи  одлука на Владата за воведување на паметни мерни системи, во која ќе се утврди динамиката на воведување од страна на операторот на електродистрибутивниот систем.

Дел од корисниците веќе имаат паметни броила, а во нивно инсталирање компанијата инвестирала 45 милиони евра, и дополнителни 28,3 милиони евра во опрема. Планирано е до крајот на 2030 година во проекти од ваков тип да се инвестираат уште 40 милиони евра.

Паметните броила ќе овозможат подобро планирање и управување со енергетските системи и услуга со подобар квалитет за корисниците, а тие ќе имаат и суштинска улога на пазарот во ерата на енергетската транзиција.

Нивната улога е важна и од аспект на создавање на можности за спојување на домашниот пазар на електрична енергија со оној на ЕУ, а овој модел ќе придонесе и за поголема декарбонизација, зголемување на учеството на обновливи избори во енергетскиот микс на земјата согласно насоките од Унијата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖