Background

ПЕРПAРИМ БАЈРАМИ ИЗЛЕЗЕ ОД ПРИТВОР СО КАУЦИЈА ОД 1,14 МИЛИОНИ ЕВРА

Поранешниот директор на Лотарија на Македонија Перпарим Бајрами, а сега обвинет во случајот ,,Лотарија”, излегува од притвор откако понудил гаранција од 1,14 милиони евра. Инаку, притворот на Бајрами му истекуваше за 5 дена, по сила на закон.

„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната на П.Б., првообвинет во предметот со К.бр.1494/26, познат во јавноста како „Лотарија“, поднесен на 14.10.2026 година за замена на мерката притвор со гаранција, донесе решение со кое предлогот го усвои, ја укина мерката притвор и прифати гаранција во износ од 1.140.781 евра, во недвижен имот“ – се вели во соопштението на Кривичниот суд.

Имено, надлежното Основно јавно обвинителство Скопје на 13.08.2026 година поднесе обвинителен предлог против П.Б. за кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, за кое е предвидена казна затвор до 5 години. По предлог на надлежното обвинителство, на обвинетиот му беше определена мерка притвор по неговото пронаоѓање и лишување од слобода, имајќи предвид дека претходно не им беше достапен на органите на прогонот.

- Advertisement -
Ad image

Согласно законските одредби од Законот за кривичната постапка, притворот во конкретниот случај не може да трае подолго од 60 дена. Обвинетиот на 09.09.2026 година сам се јави на издржување на мерката притвор во КПУ Затвор Скопје, поради што законскиот рок за траење на притворот истекува на 08.11.2026 година.

„Имајќи ги предвид сите околности, Советот ја прифати понудената гаранција, а со цел обезбедување на присуството на обвинетиот во текот на судската постапка, истовремено му определи и дополнителни мерки за претпазливост, и тоа: одземање на патната исправа и забрана за издавање нова исправа за преминување на државната граница, како и обврска за редовно јавување во Судот.

Против решението надлежниот јавен обвинител, како и останатите странки во постапката, се откажаа од правото на жалба и истото стана правосилно денеска. По впишувањето на хипотеката во Катастарот на недвижности, обвинетиот ќе биде ослободен од КПУ Затвор Скопје, велат од Кривичниот суд.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖