Background

Закана со затвор ако родителите не сакаат да ја финансираат промената на полот на своето дете или ако инсистирате дека човек не може да биде мачка

Предлог-законот на британската Лабуристичка партија за забрана на конверзивните практики, би можел да доведе до апсурдни правни последици, предупредува нов извештај на британскиот тинк-тенк „Полиси ексчејнџ“. Според авторите, формулациите во предлогот се премногу широко поставени и би можеле да ја криминализираат дури и ситуацијата во која некој ќе се обиде да му објасни на човек кој се идентификува како мачка дека е човечко суштество, пишува Дејли Мејл.

Предлог-законот е наменет за забрана на практиките со кои се врши притисок врз геј и трансродовите лица да ја променат или потиснат својата сексуална ориентација или родов идентитет. Но, извештајот, во чија изработка учествувала и поранешната претседателка на британската Комисија за еднаквост и човекови права, бароницата Хариет Фокнер, предупредува дека неговиот опфат може да биде многу поширок од намерата на владата.

Според авторите, проблематична е дефиницијата за трансродов идентитет, која ги вклучува и лицата што се идентификуваат ниту како мажи ниту како жени, или не се идентификуваат исклучиво со еден од двата пола.

- Advertisement -
Ad image

Тие тврдат дека ваквата формулација би можела да опфати стотици различни ознаки за родов идентитет, меѓу кои и таканаречениот „кетџендер“ (catgender). Станува збор за термин што го користат лица кои чувствуваат силна поврзаност со мачките или се идентификуваат со нив.

– Не е претерување да се каже дека според предлог-законот, некое лице би можело да се соочи со затворска казна затоа што се обидело да убеди друго лице дека всушност не е мачка – се предупредува во извештајот.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖