Дипломатска делегација на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, предводена од Никол Варнс, вршител на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД, во придружба на економскиот советник Барнабас Биркеланд, оствари официјална работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје, чиј домаќин беше генералниот директор и претседател на Управниот одбор, Живко Мукаетов.
Во рамките на работната средба, делегацијата имаше можност подетално да се запознае со развојниот пат и современото работење на „Алкалоид“, со финансиските и производствените перформанси, како и со клучните стратешки определби на компанијата, вклучувајќи ги извозната ориентација, капиталните инвестиции, вложувањата во едукација и развој, како и примената на ESG-стандардите во работењето. За време на посетата претставниците на Амбасадата ги посетија и Музејот на „Алкалоид“, производствените капацитети на ПЦ Фармација и Институтот за истражување и развој.
Посебен акцент беше ставен врз деловните операции и врз соработката со американските партнери. „Алкалоид“ е присутен на американскиот пазар преку својата подружница во Њу Олбани, Охајо, веќе 21 година. Покрај пласманите на чаевите од програмата Good Nature и на детската козметика од брендот Becutan, компанијата има воспоставено повеќе форми на соработка со реномирани американски фармацевтски компании, меѓу кои лиценцно производство, маркетиншко застапување и авторизации за дистрибуција на нивни производи.
Соработката со водечките американски компании од фармацевтскиот сектор, Medtronic и MSD, како и со мултинационални брендови од САД во сегментот билкарство има особено значење за „Алкалоид“. Американскиот пазар со својата големина, конкурентност, строга регулаторна рамка и високи стандарди за квалитет и усогласеност претставува важен сегмент во натамошното јакнење на меѓународното присуство на компанијата.
Посетата претставува уште една можност за зајакнување на деловните врски и за продлабочување на соработката со американските партнери, како и за отворање нови перспективи за натамошен развој и проширување на меѓународното присуство на „Алкалоид“.
Tagged as:
АЛКАЛОИД Е ПРИСУТЕН НА АМЕРИКАНСКИОТ ПАЗАР ВЕЌЕ 21 ГОДИНА
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
