Background

ЧЕТИРИ СЛУЧАИ НА МОРБИЛИ ВО МАКЕДОНИЈА

Има четири потврдени случаи со морбили во земјава. Еден е странски државјанин, а тројца се македонски државјани од Велес, Штип и од Скопје. Од домашните случаи две се бебиња под 12 месеци и еден е на возраст над 40 години. Во сите три случаи станува збор за невакцинирани лица. Бебињата до 12 месеци не се опфатени со вакцината и тие треба да бидат заштитени со вакцинација на сите во околината, изјави денеска министерот за здравство Сашо Клековски.

Институтот за јавно здравје и центрите за јавно здравје ги завршуваат епидемиолошките анализи за евентуалната поврзаност и можност за поврзаност меѓу случаите и наскоро ќе објават дали има поврзаност меѓу тие случаи или не. Услови за прогласување на епидемија во моментов нема.

– Имаме први случаи и тоа што го правиме во услови на епидемија во Косово и во Бугарија е да повикуваме на претпазливост кај граѓаните и кај институциите. Во однос на граѓаните, вакцинирајте се, проверете дали имате две дози на вакцината или дали сте прележале од болеста. Ова посебно го апелирам до здравствените работници да го направат, бидејќи тие се во контакт и се најризични. Во однос на граѓаните, доколку имате температура и осип, не одете на доктор, јавете му се на докторот. Сипаниците се високо заразни и секое одење во чекалница го зголемува ризикот од проширување на сипаниците. Главна контакт точка за сипаниците се во основа чекалниците во здравствените установи. Вирусот е активен околу два часа во воздухот и мислам дека треба да бидеме максимално претпазливи – рече Клековски.

- Advertisement -
Ad image

Институтот за јавно здравје има изготвено протоколи за здравствените установи.

– Се работи на издадено упатство на градинките и школите кое е дистрибуирано преку соодветните министерства и издадени се протоколи за граничните премини. Пред да патувате за Косово и за Бугарија, проверете си повторно каква е вашата состојба, бидејќи во тие две земји има прогласено епидемија. Ние сме во комуникација со странската земја од каде што е странскиот државјанин за да размениме информации, тоа е Косово. Тројцата македонски државјани не патувале во странство и затоа ги испитуваат можностите за поврзаност дома во Македонија. Едното бебе беше хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести, отпуштено е на домашна нега, значи е во добра состојба. Издадовме наредба на Клиниката за детски болести да се подготвува за прифат на вакви случаи, затоа што Инфективната клиника не е оспособена за третман на бебиња – истакна Клековски и додаде дека Комисијата за заразни болести веќе заседава.

Тој апелираше до јавноста за вакцинација против морбили и за внимателност.

– Значи имаме четири од кои три домашни случаи. Се испитува нивната врска, таа ќе биде објавена. Имаме препораки за граѓаните и за институциите, без оглед дали се здравствени или образовни и сега е до нас да направиме сè овие три случаи не станат повеќе случаи. Сите треба да бидеме со зголемена претпазливост, и градинките и училиштата. Апелирам до родителите, како што не треба да ги носат децата во чекална во здравствена установа, ако се појави зголемена температура, црвенило на очите, осип, така да не ги носат и во градинките. Има доволно вакцини, имаме 14.000 вакцини на залиха што се во моментов достапни. Имаме можност за зголемување на количините. Минатиот пат кога се прогласија епидемии се употребени околу 50.000 вакцини, генерално затоа што има големо заостанување од претходни генерации – додаде Клековски, одговарајќи на новинарско прашање пред панел дискусијата „Паркинсонова и Алцхајмерова болест: подобар третман за подобар живот“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖