Background

Кремљ им се заблагодари на САД и на првата дама

Речиси 800 лица беа евакуирани од градот Олешки во украинскиот Херсонски регион кој е под руска контрола, како дел од хуманитарната операција спроведена за време на ограничен прекин на огнот, објави првата дама на САД, Меланија Трамп.

Во објава на Икс таа оцени дека хуманитарната мисија беше успешна и истакна дека покрај евакуацијата на цивилите во областа, беше доставена и витална помош.

Меланија Трамп повика привремениот прекин на огнот да послужи како основа за воспоставување траен мир меѓу Украина и Русија.

- Advertisement -
Ad image

„Во име на Америка, изразувам благодарност до Русија и до Украина за нивното водство и соработка во врска со прекинот на огнот во Олешки. Се надевам дека Олешки ќе послужи како основа за траен мир меѓу двете земји“, напиша таа.

Според неа, привремениот прекин на огнот почна на 27 октомври и заврши на 1 ноември 2026 година, како што беше претходно планирано.

На 31 октомври украинската делегација која учествуваше во хуманитарната мисија во окупираниот град Олешки се врати на територијата под контрола на Украина.

Официјална Москва им се заблагодари на САД за нивната помош за време на хуманитарната операција во Олешки, од каде што стотици луѓе беа евакуирани за време на локалното примирје, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Нашата омбудсманка за човекови права, Јана Лантратова, одлично си ја заврши работата. Го цениме нивото на координација со нејзината колешка од украинска страна и, секако, сме благодарни на американската страна за нивната помош, особено на Меланија Трамп – рече Песков на прес-конференција.

Песков додаде дека Москва го цени успешното завршување на хуманитарната операција во Олешки и дека високо го цени нивото на координација меѓу сите учесници.

Според него, во моментов нема планови или иницијативи за организирање слични хуманитарни операции како во Олешки.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖