Македонска берза денеска ја стави АЛТА банка АД Битола на „Листата за набљудување“, со цел , како што наведе во соопштението, да се информираат инвеститорите за одлуката на Народна Банка за воведување администрација во банката.
„Одборот на директори донесе заклучок за внесување на издавачот АЛТА банка АД Битола на Листата за набљудување што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација.
Внесување на друштвото АЛТА банка АД Битола на Листата за набљудување е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради тоа што за друштвото НБРСМ има донесено решение со коешто се воведува администрација во АЛТА банка АД Битола“, се наведува во соопштението од Македонска берза.
Tagged as:
МАКЕДОНСКА БЕРЗА ЈА СТАВИ АЛТА БАНКА-БИТОЛА НА „ЛИСТАТА ЗА НАБЉУДУВАЊЕ“
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
