Најавата на гувернерот Славевски дека има заинтересирани купувачи е само дел од мозаикот. Охридскај дознава кој стои зад интересот, што било договарано претходно и зошто прашањето за цената и ликвидноста допрва ќе го окупира јавниот простор.
Најавата на гувернерот на Народната банка Трајко Славевски дека има заинтересирани за купување на Алта банка АД Битола е само дел од мозаикот. Како што дознава редакцијата на Охридскај од свои извори, меѓу заинтересираните е и Комерцијална банка АД Скопје, а разговори меѓу сопствениците на Комерцијална банка и на Алта банка се водат подолг период.
Според изворите на Охридскај, и пред Алта банка Белград да ја купи Стопанска банка АД Битола биле водени разговори меѓу Комерцијална банка и еден од поголемите акционери на Стопанска банка, Цветан Панделевски. Тогаш не бил постигнат договор. Јавноста веќе знае дека Комерцијална банка порано имала интерес за Стопанска банка Битола, по цена од 3.200 денари за акција, но тоа не го поддржале најголемите мнозински акционери. Алта банка Белград тогаш објави понуда по 3.777 денари.
Сега, според изворите, Комерцијална банка го користи моментумот што го создаде кризата околу Алта банка. Оваа можност значи и дека купувањето би можело да се реализира под пазарната вредност на банката.
Охридскај дознава и дека гувернерот Славевски вечерта пред соопштението на администрацијата ваквата информација за заинтересираните купувачи им ја соопштил на претставниците на Алта банка Битола, кои биле повикани на состанок во Народната банка. НБРСМ не потврди дека состанокот се одржал, ниту дека имената на интересентите биле споменати.
На прес-конференцијата, гувернерот соопшти дека има четири-пет заинтересирани финансиски институции, без да ги именува, и дека максималниот рок на привремените мерки е три месеци. Белградската банка, како акционер, ѝ е одземено правото на глас.
Акциите на македонската банка припаѓаат на Алта банка Белград, која е во стечајна постапка. Нивната продажба во принцип би ја реализирал стечајниот управник на српската банка, а нов акционер со квалификувано учество мора да добие претходна согласност од НБРСМ. Кога продавачот е во стечај, а банката што се продава е под администрација и притисок, цената по правило паѓа. Во тој случај купувачот добива банка со позитивен капитал и клиентска база по ниска цена, а продавачот, односно доверителите во Србија, трпат загуба.
Ова е клучното прашање за јавноста: кој ќе одлучи за цената, по кој критериум и дали ќе се води јавна, конкурентна постапка?
Изворите на Охридскај оценуваат дека лимитот од 10.000 денари неделно за штедачите е „трагикомичен“, затоа што, според нив, Алта банка Битола во моментов има средства да ги покрие сите штедачи и правни лица за еден ден. Причината за лимитот, тврдат тие, не била во банката, туку во ликвидноста на Народната банка, нешто што гувернерот не сакал да го каже.
Овие две тврдења не се потврдени и бараат претпазливост:
Редакцијата им испрати прашања до НБРСМ, Алта банка Битола и Комерцијална банка. Одговорите ќе ги објавиме по добивањето.
Сашо Денесовски
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
