Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, најмногу дожд во изминатите 24 часа, до 7 часот утрово, наврнал во Гевгелија – 29 литри на квадратен метар. Во Берово се измерени 16 литри, додека во Прилеп, Демир Капија и на Попова Шапка по 10 литри на квадратен метар. Во Претор и Струмица наврнале по 9 литри, во Маврови Анови 8, а во Скопје-Петровец и Куманово по 6 литри на квадратен метар. Помали количества дожд се регистрирани и во останатите делови од земјата.
Според прогнозата на УХМР, врнежите ќе продолжат и денеска. Времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Локално се очекува дождот да биде пообилен, со над 15 литри на квадратен метар.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а максималната температура ќе се движи од 11 до 16 степени.
Во Скопје ќе биде облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.
Врнежите ќе продолжат и во вторник, 3 ноември, кога локално се очекува да наврнат повеќе од 20 литри дожд на квадратен метар. Температурите ќе останат релативно ниски, а времето ќе биде претежно облачно.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
