Background

Марта Стјуарт се извини откако се маскираше во бездомничка

Американската телевизиска ѕвезда и бизнисменка Марта Стјуарт (85) се најде на удар на критики поради нејзината маска за Ноќта на вештерките. Таа се облече како бездомничка, со искината облека, валкано лице и натпис: „Гладна сум. Помогнете ми!“, но фотографијата предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, поради што на крајот мораше јавно да се извини.

Фотографијата првично ја објави на Инстаграм, во серија фотографии со кои ги промовира своите свеќи што ги продава преку телевизискиот канал „Кју-ви-си“. Во описот напиша дека нејзините свеќи се совршени за Ноќта на вештерките. На една од фотографиите таа носи искинати панталони и кошула, капа, а лицето ѝ е нашминкано така што изгледа дека е валкано. Во рацете држи натпис на кој пишува: „ГЛАДНА СУМ. ПОМОГНЕТЕ МИ!“.

Објавата набрзо беше избришана, но фотографијата веќе се прошири на интернет. Многумина ја обвинија дека се потсмева со луѓето кои живеат во сиромаштија и немаат покрив над главата, додека други не можеа да разберат како некој со нејзиното богатство и влијание можел да помисли дека таквата маска е соодветна.

- Advertisement -
Ad image

Стјуарт најпрво се обиде да ја објасни својата намера во изјава за „Пејџ сикс“ велејќи дека со костимот сакала да го привлече вниманието кон сериозниот проблем со бездомништвото во САД и дека нејзината намера никогаш не била да навреди некого.

– Вознемирена сум што мојата маска за Ноќта на вештерките, која имаше цел да ја подигне свеста за многу сериозниот проблем со бездомништвото, навреди луѓе. Тоа никогаш не ми беше намерата – изјавила таа.

Според неа, бездомништвото е една од најголемите општествени кризи во Америка, за која длабоко се грижи, како и дека вложила многу време и труд во поддршка на хуманитарни организации што им помагаат на луѓето во таква ситуација.

Сепак, првата изјава не ги смири реакциите, па неколку часа подоцна, Стјуарт објави и второ извинување на Инстаграм, овојпат многу подиректно признавајќи дека направила грешка.

– Тешко е да се признае кога навистина ќе згрешите. Мојата претходна изјава не беше доволна. Знам дека многу луѓе се соочуваат со економски тешкотии. Носењето ваква маска беше нечувствително и не е смешно. Навистина ми е жал – напиша таа.

Реакциите и по второто извинување беа поделени. Дел од следбениците ја поддржаа и сметаа дека нејзината намера не била злонамерна, додека други оценија дека ваквата маска ја покажува големата оддалеченост меѓу нејзиниот привилегиран живот и секојдневната борба на луѓето што немаат ни основни услови за живот.

Марта Стјуарт со децении е една од најпознатите американски медиумски личности и претприемачи. Изгради голема деловна империја околу готвењето, уредувањето на домот, градинарството и угостувањето, а нејзините совети и рецепти ја направија препознатливо лице на американската телевизија.

Ноќта на вештерките е еден од нејзините омилени празници и редовно објавува фотографии од своите костими.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖