Background

Повеќе од 20 контејнери со опасни материи паднале во Црното Море по нападот со три поморски дрона врз товарниот брод „Контшип Џет“

Повеќе од 20 контејнери со опасни материи паднале во Црното Море по нападот со три поморски дрона врз товарниот брод „Контшип Џет“, за кој вчера извести Плусинфо. Меѓу товарот има литиум-јонски батерии, киселини и запаливи течности.

Сите 18 членови на екипажот биле спасени, а бугарските власти истражуваат и втор инцидент со дрон во близина на својот брег.

Бродот „Контшип Џет“, кој пловел под либериско знаме бил погоден во близина на ртот Калијакра, на околу 16 наутички милји од бугарскиот брег. Пловилото патувало од израелското пристаниште Хаифа кон романското пристаниште Констанца.

- Advertisement -
Ad image

Новите информации покажуваат дека бродот претрпел 3 пробивања на трупот пред да потоне.

Првичните информации укажуваат дека морнарите го напуштиле бродот со чамци за спасување.

Бугарските власти ги предупредиле морепловците да бидат особено внимателни. Контејнерите што пловат во морето претставуваат дополнителна пречка за поморскиот сообраќај. Тие се и опасност за животната средина.
Првичната проверка на водата кај ртот Калијакра не открила видливи знаци на загадување. Сепак, властите најавиле земање примероци за лабораториски анализи, кои треба да покажат дали опасните материи навлегле во морето.

Во меѓувреме, бугарските власти пријавиле уште еден инцидент, овојпат на брегот кај градот Царево.

Таму биле пронајдени остатоци од беспилотно летало за кое се претпоставува дека е руски дрон од типот „Геран“. Неговото потекло засега не е официјално потврдено.

Министерството за одбрана на Бугарија соопштило дека остатоците биле собрани и пренесени во поморска база. Засега нема информации што би укажувале на поврзаност меѓу двата инцидента.

Нападот се случи во ексклузивната економска зона на Бугарија, токму во моментите кога во Софија се одржуваше трилатерален состанок за безбедност меѓу министрите за одбрана на Бугарија, Турција и на Романија.

Ова е трет сериозен инцидент во бугарските води во текот на октомври, по претходните напади врз бродовите „HS Dignity“ и „Chelsea-3“ во кои исто така имаше потонати пловила. Потеклото на дроновите сè уште не е официјално утврдено.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖