Background

Променливо облачно време со кратки сончеви периоди, утринска магла во одделни котлини и северозападен ветер нè очекува во четврток

Променливо облачно време со кратки сончеви периоди, утринска магла во одделни котлини и северозападен ветер нè очекува во четврток, информираат метеоролозите. Дневните температури ќе се движат од 10 до 19 степени Целзиусови, а најтопло ќе биде во Гевгелија.

Според прогнозата, ветерот ќе биде слаб до умерен од северозападен правец, а долж Повардарието на места повремено ќе засилува.

Утринските температури ќе се спуштат до 3 степени во Маврово, додека во Гевгелија ќе достигнат до 9 степени. Максималните дневни температури ќе бидат од 10 степени во Маврово до 19 степени во Гевгелија.

- Advertisement -
Ad image

Во Скопје ќе преовладува претежно облачно време, а во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во делови од Скопската Котлина повремено ќе засилува. Температурата ќе се движи од 10 до 16 степени.

Променливо облачно време ќе продолжи и во петок, кога се очекуваат повремени локални врнежи од дожд. Во одделни котлини повторно ќе има услови за утринска магла, а ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Минималните температури во петок ќе бидат од 3 до 10 степени, додека максималните ќе се движат од 12 до 18 степени.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во сабота ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Утринските температури во сабота ќе се движат од 3 до 9 степени, а дневните од 11 до 18 степени.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖