Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска, повторно акцентирајќи го проблемот на превозниците, изрази надеж дека Германија, но и останатите земји членки на шенген-зоната, ќе го следат примерот на Швајцарија и Хрватска во однос на воспоставувањето билатерални договори.
Притоа, упати молба до членовите на Македонско-германското стопанско здружение за заедничко дејствување во насока на што поскоро отстранување на бариерата со визите и престојот на транспортерите.
Николоски потенцира дека веќе 11 месеци превозниците имаат сериозни проблеми со новиот „егзит-ентри“ систем и од повеќето шенген држави сè третираат како туристи.
Сепак, според него, со уште неколку земји преговорите за решение се во напредна фаза. Словенија, Германија, Австрија и Унгарија, се некои од земјите со кои треба да се склучат билатерални договори.
-Ние можеме да зборуваме доста за инвестиции, да разменуваме мислења ама на крајот на денот, ако стоката што се произведува тука и во целиот регион не може да стигне до крајната дестинација, тогаш сè е бескорисно. Влегуваме во 11-ти месец како нашите превозници имаат сериозни проблеми со новиот „егзит-ентри“ систем што се воведе. Во најголем број од земјите членки на шенген – зоната, вклучувајќи ја, за жал, и Германија, тие се третираат како туристи што е далеку од она што е реалност и не можат да останат повеќе од 90 во рамки на 180 дена -рече Николоски во обраќањето на средбата што ја организираше Македонско-германското стопанско здружение во Скопје.
Тој сподели две искуства со бизнисмените во однос на преговорите со ЕК за решавање на проблемот
– Едното е позитивно, а второто е резервирано. Во однос на позитивното, добро е што уште во февруари Европската комисија излезе со новата визна стратегија со која возачите се препознати како професионалци, исто како пилотите и машиновозачите. Резервираното е дека, за жал, оттогаш не е направен голем чекор на ниво на шенген – зоната, за да може ова да се имплементира – рече Николоски.
Тој информира и што се презема од владата во овој период за да им се помогне на превозниците и да се обезбеди тарнспорт на стоките кон земјите од ЕУ
-Кога увидовме дека не се прават заеднички чекори, решивме билатерално да соработуваме и веќе имаме неколку позитивни примери. Швајцарија веќе издава билатерални визи што го решава проблемот на луѓето кои патуваат до Швајцарија. И Хрватска почна да издава билатерални визи. Во напредна фаза сме со уште неколку држави. Се надевам дека и Германија ќе го направи тоа и на тој начин ќе можеме да го решиме овој проблем. За да можеме доминантно да го користиме друмскиот сообраќај, оние што го вршат превозот треба да можат да стигнат до крајната дестинација и да се да се вратат дома – рече Николоски.
Тој ги замоли германските бизнисмените заедно да работат за да се отстрани оваа бариера.
-Проектите што ги зборуваме за железницата ќе ја видат својата реализација во следните три до седум години. Значи, за да станат оперативни овие рути ни требаат три до седум години. Во меѓувреме, доминантно ќе се користи друмскиот сообраќај – рече Николоски.
Македонско-германското стопанско здружение оцени дека може да помогне во делот на лобирањето.
– Најчесто рутата што се користи е Хрватска, Словенија, Германија, Австрија, Унгарија и тоа може да е проблем. Ова се државите што ни требаат, со кои би требало да потпишеме договори, покрај Хрватска и Швајцарија кои ги имаме како држави каде што најмногу се извезува македонска стока и од каде што најмногу се увезува. Така што, едно лобирање во тој дел мислам дека би било значајно – рече тој.
Николоски рече дека од почеток не се согласувак со размислувањата дека ова е обид да се наметнат странски превозни компании да работат во Македонија.
-И излезе дека не е така, особено што нивната цена е шест до осум пати, не шест до осум отсто, туку 600 до 800% повисока од онаа на домашните компании – нагласи Николоски.
Министерот и вчера, на бизнис форумот во Скопје што го организираше „Свис чем“, апелираше дека решавањето на проблемот на транспортерите е од исклучително значење.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
