Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да продолжи амандманската расправа за Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година во второ читање. За Предлог-буџетот, кој е втор ребаланс за годинава, поднесени се вкупно 124 амандмани.
Вкупните приходи со новиот ребаланс на буџетот се планирани на ниво од 374,2 милијарди денари, што е за речиси 5,3 милијарди денари помалку во однос на претходните проекции. Најголемиот дел од корекцијата се однесува на акцизите, кои се ревидираат од 34,1 на 30,4 милијарди денари, а дефицитот останува на ниво од 46,3 милијарди денари или 4,1 отсто од БДП.
Вкупните расходи се планирани на ниво од 420,5 милијарди денари, што е намалување за 5,3 милијарди денари во однос на претходните проекции.
Државата во 2026 година треба да сервисира обврски во вкупен износ од 76,6 милијарди денари, од кои 55,1 милијарда денари се отплата на надворешниот, а 19,9 милијарди денари на домашниот долг и 1,6 милијарда денари одлив по даден заем кон Развојната банка. Дополнително, се сервисираат обврски и по основа на издадени едногодишни државни хартии од вредност во износ од приближно 1 милијарда евра.
Tagged as:
124 АМАНДМАНИ НА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ ПРЕД ПРАТЕНИЦИТЕ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
