Background

Енди Мекдауел на 68 години објави фотографија без шминка и ги воодушеви сите

На фотографијата, 68-годишната актерка позира на брод, со седа коса врзана во опавче, насмеана и со раширени раце. Облечена е во маичка на риги, кратки тексас-панталони и сандали, без шминка и со неуредена коса.

– Одлучив да ја објавам оваа фотографија затоа што не е модна – ова сум едноставно јас – напиша Мекдауел. Таа додаде дека во нејзината професија постои голем притисок постојано да се биде извонреден, но дека повеќе би сакала да биде човечко суштество.

Објавата доаѓа помалку од еден месец откако актерката, долгогодишна глобална амбасадорка на „Лореал“, учествуваше на модната недела во Париз и прошета на модната писта заедно со други познати жени.

- Advertisement -
Ad image

– Прекрасно е да се дотераш, да им препуштиш на професионалците да ти ја средат косата и шминката и да прошеташ на модната писта со други навистина прекрасни жени – напиша таа, нагласувајќи дека е важно сите да се чувствуваат прифатени и ценети, без оглед на возраста.

Сепак, актерката признава дека најудобно се чувствува кога воопшто не мора да се дотерува.

– Еве ме без шминка, со неуредена коса, во кратки панталони на брод со пријатели. Модринките и лузните на нозете се од добро проживеан живот. Ова се 68 години – напиша таа.

Мекдауел раскажа и дека денот кога е направена фотографијата го поминала на море со пријателите.

– Зајдисонцето тој ден беше апсолутно прекрасно. Нашиот пријател Пол нè одведе на пловидба, видовме делфини, а боите на небото постојано се менуваа.

Се напивме малку шампањ и прилично си мезевме.

Ви испраќам љубов, надеж, радост и способност да се чувствувате удобно и опуштено, каде и да одите – пишува МекДауел.

Нејзината објава предизвика многубројни реакции од следбениците, кои ѝ се заблагодарија што отворено зборува за стареењето. Актерката одговори и на коментар во кој се посочува дека промените со возраста се природни, истакнувајќи дека општеството многу почесто ги критикува жените поради седата коса отколку мажите.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖