Background

Русија изврши напади врз украински градови во текот на ноќта; оштетен мост во Киев

Руската војска во текот на ноќта изврши напад со ракети и беспилотни летала, гаѓајќи воено-индустриски капацитети, како и транспортна и логистичка инфраструктура во Киев, Харков и Одеса, соопшти денеска руското Министерство за одбрана. Извештаите од Киев укажуваат на едно загинато лице и неколкумина повредени; исто така, оштетен е и Јужниот мост во градот.

„Во нападот беше погоден Јужниот мост. Оштетена е железничката инфраструктура на мостот“, напиша на Телеграм Виталиј Кличко, градоначалникот на украинската престолнина. Во меѓувреме, градските власти најавија прекин на железничкиот сообраќај преку еден од главните мостови над реката Днепар, кој ги поврзува источниот и западниот дел на Киев.

„Руски балистички ракети погодија област кај еден универзитет во Киев, (…) близина на станица на метрото и станбени згради. Точниот број на жртви сè уште не е познат. Но, за жал, има жртви. Има ранети луѓе. Во тек се спасувачки операции“, напиша во понеделникот вечерта украинскиот претседател Володимир Зеленски на платформата X. Тој повторно повика на зајакнување на системите за противвоздушна одбрана на Украина. Според украинската новинска агенција „Укринформ“, едно лице загинало, а 14 се повредени во руските напади врз Киев. Руската војска, како што соопшти Министерството за одбрана во Москва, гаѓала три објекти во Киев што се користат за производство и складирање на беспилотни летала, како и транспортна инфраструктура. Погодени биле и цели во Харков и Одеса, пренесува шпанската новинска агенција ЕФЕ.

- Advertisement -
Ad image

Според податоците од Киев, украинската противвоздушна одбрана во текот на ноќта пресретнала две руски балистички ракети и 255 беспилотни летала. На удар се најде и Русија, при што, според извештаите, биле соборени 222 украински беспилотни летала.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖